Што мразат: Бикот ако не го почитуваат, а Лавот срамежливост

Сите хороскопски знаци имаат по некоја карактеристика која не ја сакаат кај своите партнери. Затоа мошне е добро да внимавате да не ја поседувате токму таа одлика, ако сакате некого да освоите. Што е тоа што мрази секој хороскопски знак:



Овен

Посесивност – луѓето родени во овој знак сакаат да се независни па посесивен партнер никако не им одговара.

Бик

Непочитување – биковите се многу горди и сакаат нивниот партнер да ги почитува, бидејќи и тие го почитуваат него. Ќе ја прекинат врската ако ова не го добиваат од својот партнер.

Близнаци

Резервираност – овие ликови се многу активни и друштвени, па не им одговара резервиран партнер. Повлечените или оние нерасположените типови на луѓе не се идеални партнери за нив.

Рак

Затвореност – ракот нема да биде среќен во врска во која партнерот крие нешто од него. Многу е емотивен и сака да разговара во врска со се со партнерот, да се отворени и искрени еден кон друг.



Лав

Срамежливост – за лавовите никако не се добар избор срамежливите и резервираните партнери. Тие сакаат предизвици, некој кој ќе им се спротивстави и ќе ги мотивира.

Девица

Неамбициозност – на луѓето родени во овој знак, кариерата и успехот им се многу важни, па тоа го очекуваат и од партнерот. Врската со некој кој не е амбициозен и кој е пасивен, нема долго да им трае.

Вага

Негативност – овие луѓе се оптимисти и не сакаат луѓе кои прават драми без врска, како и негативни личности. Сакаат да се опкружени со позитивна атмосфера од која ќе се чувствуваат уште подобро.

Шкорпија

Лажење – за шкорпиите лажењето е голема маана, дури и ако лагата е многу мала. Тие се искрени и многу ја ценат таа особина и кај другите луѓе, особено кај партнерот.



Стрелец

Мрзливост – тие се секогаш во движење, авантуристи се и секогаш сакаат да видат и да доживеат нешто ново. Сигурно нема да изберат некој кој е мрзлив и без волја за ништо.

Јарец

Неодговорност – јарците знаат што сакаат и како да дојдат до тоа, сакаат да се опкружени со луѓе на кои може да се потпрат и неодговорен партнер само ќе им пречи во животот.

Водолија

Практичност – иако некои ја посакуваат оваа особина кај партнерот, со водолијата не е баш така. Тие се чувствуваат непријатно со реалистични луѓе, бидејќи и самите живеат во облаци. На нив им треба некој со кој ќе сонуваат, па макар и соништата биле целосно неисполниви.

Риби

Нечувствителност – луѓето родени во овој знак се многу емотивни, па нечија нечувствителност ги одбива. Никако не може да се среќни во врска со себични луѓе, кои воопшто не се грижат за другите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Џемс Бонд седел во кафана со некоја женска и разговарале.
Бонд и рекол:
-Да видиш што саат имам, се можам со него да правам. Ако сакаш можам да видам каква долна облека носиш...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Денеска поради штрајк на грчката царинска служба, сообраќајот на ГП „Дојран“ ќе биде во прекин во времето од 5 до 23...
Верски календар
маченици Сергиј и Вакх. Овие двајца беа видни луѓе на дворот на Максимијан. Но, штом Максимијан дозна дека се христијани, својата наклонетост ја претвори во гнев, па ги испрати...
На денешен ден
- Светски ден на авиоконтролорите
1632.- Роден е англискиот архитект Кристофер...
1728.- Пожар уништи поголем дел од Копенхаген.
1784.- Роден е англискиот државник Хенри Џон...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби