Писмо од љубовницата: Јас сум жената со која тој те изневерува

Кој би рекол дека еден ден може да добиете писмо од љубовницата на вашето момче? И тоа се случило. А, зошто? Прочитајте сами:



Сега е 23 часот и му праќам порака на твоето момче. Добро не баш на твоето момче, туку тебе ти пишувам, на девојката која нема врска дека момчето кое го сака, всушност мене ми објаснува што сѐ сака да ми прави, ми праќа фотографии и разни смајлиња. Јас сум таа другата жена.

Не сум курва, иако ти така би ме нарекувала. Не одговарам на стереотипот на другата жена. Знаеш на која мислам – онаа која има совршени фотографии на Instagram, прекрасна долга коса и совршени облини. Не сум спонзоруша. Многу сум обична. Но, сепак, последните пет врски кои ги имав, сите беа со зафатени мажи. Имам пријателки кои никогаш не биле како мене. Штом слушнат дека момчето има девојка, веднаш е недопирлив. Не знам зошто јас сум поразлична. Не знам зошто ме привлекуваат зафатени мажи. Мој близок пријател мисли дека тоа е така затоа што имам „проблем со врзување“. Неговата теорија е дека ако мажот е недостапен, веднаш ми е попривлечен, бидејќи сум свесна дека од таа врска нема иднина. Психологот кој го посетувам исто така беше уверен дека тоа ми е последица на длабоки несигурности и потреба да се потврди мојата вредност. Разбирам за што ми зборуваше, егото ми расте кога добри мажи со мене ги изневеруваат своите девојки. Искрено, мислам дека сите тие романтични филмови кои ги гледав и книгите кои ги прочитав, го изопачија мојот ум и станав зависник од идејата за голема романса.

Сонувам дека сум Мила од филмот „Love actually“, Џенифер Лопез во „The Wedding Planner“ и Мередит од „Grey’s Anatomy“.

Што се однесува до мажите, не се тоа некои „играчи“, туку обични момци кои си ги сакаат своите девојки, но од некоја причина влегуваат во светот на неверствата. Сакам да разјаснам нешто – не е дека седам овде и злобно смислувам начин како да ја уништам твојата врска – едноставно ми се чини дека воопшто не сочувствувам со тебе. Не е дека сум ладна личност, но ти за мене не си реална. Никогаш не сум те запознала. И тоа некако ми дозволува да правам вакви работи. Полесно ми е да сум другата жена без вина, само со полно фрустрации, затоа што не можам да го гледам повеќе, бидејќи не е слободен вечерва бидејќи ќе доаѓаат твоите родители или ќе излезете некаде за твојот роденден. Можеби би било поразлично јас да сум таа која ја изневерува, но со оглед на тоа дека не сум, можеби едноставно не можам да ја сфатам болката која жената ја доживува кога го открива неверството. Понекогаш мислам дека сум проклета. Без оглед на тоа што тебе ти се чини дека јас имам сѐ и дека сум во подобра позиција од тебе, реалноста е дека на почеток е возбудливо и интересно да си другата жена, но јас секогаш ќе сум на второ место. Тоа е многу болно. Тогаш кога го дознавам тоа, време е за некој нов, фантастичен и зафатен човек.. кругот мора да продолжи, додека не го пронајдам својот среќен крај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби