Работи кои педијатарите сакаат родителите да престанат да ги прават

Родителството не доаѓа со прирачник, па мајките и татковците се препуштени сами на себе за да сфатат како функционираат работите. Многумина од нив не знаат дали да го слушаат советот од бабите и дедовците, од интернет или од сите други родители, па често прават грешки. Но, најдобар совет е оној од педијатрите. Што препорачуваат тие?

Престанете да се консултирате на интернет



Кога се плашите поради симптомите кои ги има вашето дете, прво место на кое многу родители бараат помош е д-р Google. Иако постојат некои проверени страници кои може да имаат корисни информации, се уште не е можно да се постави правилна дијагноза на вашето дете на интернет. Наместо тоа, вашите грижи препуштете му ги на докторот.

- Родителите ми даваа да ги гледам сите тие интернет страници само затоа што бea уверени дека нивното дете има некоја болест. Секогаш ми е мерак да ги погледнам и да им дадам повратна информација, но дијагнозата е темел на нашата медицинска евалуација, изјавил д-р Бил Буш, шеф на педијатрија во детската болница „Helen DeVos“.

Не мора да одите на Итна за секоја ситница



Новите родители се плашат за своите дечиња, што е сосема нормално. Но, поради недостаток од искуство го преувеличуваат секој симптом, па затоа многу често се појавуваат на итна помош.

- Јавете се на лекар и на тој начин детето ќе се смири, а исто така и лекарот веднаш ќе ви помогне доколку е потребна помош или да ве упати на место каде што можете да побарате помош.

Престанете да барате антибиотици за настинка



Природно е да посакате вашето дете да оздрави што е можно побрзо, но д-р Буш вели дека антибиотиците не се секогаш решение.

- Постојат ситуации кога е потребно да се даде антибиотик, на пример кога се работи за бактериска инфекција, но за повеќето пациенти, кои имаат вирусна инфекција, не е потребно антибиотик. Пречестото користење на антибиотици може да доведе до тоа бактеријата да стане отпорна, а лечењето отежнато.

Престанете да ги прескокнувате редовните прегледи кај докторот



Сите водиме брз и стресен живот, а кога доаѓа време за нешто кога сметаме дека не е итно да се направи, брзо го забораваме. Но, тоа е грешка.

- Многу работи може да направиме само со превенција или со држење под контрола на одредена болест, смета д-р Буш.

Тоа вклучува и проблеми со слухот и видот, како и шум на срце, која е честа појава кај децата. Редовната контрола ви дава шанса да се запознаете со лекарот, да бидете послободни и попријатно да се чувствувате со него, па и да споделите некоја загриженост околу здравјето на вашето дете.

Престанете да користите чепкалки за учи за да ги исчистите ушите на децата



Можеби мислите дека на тој начин ги чистите ушите на децата, но само му помагате на восокот да влезе подлабоко во ушите. Поради тоа доаѓа до послаб слух и уши полни со восок. Наместо тоа, дозволете да влезе малку вода во ушите на детето додека се бања, па така ќе излезе восокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби