Top 5 начини како да уживате во летото иако сте заглавени во канцеларија

Летото е на прагот и штотуку не започнало да нè примамува почесто да се движиме на отворено. Но, вие сте заглавени во канцеларија со еден тон работа, гледајќи во вашата Desktop позадина на која има тропска плажа или пак сите пријатели ве бомбардираат со фотки од нивните викенд прошетки и годишни одмори.

Додека се уште работите и се подготувате за вашето следно прибежиште, сепак можете да уживате во летото и додека работите затворени во канцеларија.

1. Променете ја музичката плеј листа

Покрај топлото време, летото со себе носи и нови музички хитови.. Освежете ја вашата плеј листа со последните хитови кои ви се допаѓаат.Тоа можат да бидат хитови кои низ центарот на градот ги слушате од секое кафуле или пак некоја не толку позната песна која ве асоцира на последниот добро поминат одмор, патување со саканата личност или вашата омилена фамилијарна песна. Прашајте ги вашите колеги за помош и предлози, па ќе имате прилика плус за разговор.

2. Правете ги паузите надвор од канцеларија

Свежиот воздух и сончевиот зрак можат да направат чуда на вашиот мозок и тело. Излезете на неколку кратки паузи во текот на времето. Доколку немате можност комплетно да излезете од работното место, направете го тоа на балкон. Одличен трик за да добиете повеќе витамин Д и поголема концентрација што ќе рефлектира на зголемена ефикасност и продуктивност.

3. Купете насад (цвеќе)

Освежете ја просторијата и амбиентот во вашата канцеларија со купување на цвеќе. Внесете го надворешното внатре, со купување и одгледување на цвеќе на вашето работно место. Доколку не сте во можност да излезете воопшто надвор, ќе ги почуствувате позитивните промени од присуството и свежината на билките до вас.

4. Доручекот нека биде овошје

Сигурно во жешките денови не преферирате високо калорични сендвичи со разни типови на кашкавали, сувомеснати производи и масен дресинг.

Доручкувајте неколку различни типови на овошје. Доколку сте во можност, направете го вашето смуди и понесете го во вашата канцеларија или пак направете овошна салата.

Доколку сакате да бидете по креативни, направете овошни домашни сладоледи и понесете и споделете ги со вашите колеги.

5. Направете го вашиот работен план повеќе флексибилен

Доколку сте во можност доаѓајте на работа еден час порано, за да имате одлична причина час порано да уживате во летните вечери со пријателите и семејството. Или пак во петок сите состаноци закажете ги порано за да, попладнето, пред крајот на работното време имате можност да го поправите она што не сте успеале да го завршите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби