Идеи за забавни и романтични состаноци со вашиот партнер

Летниот период и високите температури ве тераат само да лежите дома под клима и да гледате различни филмови со вашиот партнер. Но, немојте да преминете во монотонија од која ќе ви се здосади и на двајцата. Секогаш забавувајте се и смислувајте нови идеи, за да ви биде денот исполнет и заедно да се забавувате. За почеток, ви предлагаме неколку идеи, по кои сигурно ќе ви текнат и други, според вашите желби.



Локална винарија – посетете некоја винарија која се наоѓа во ваша близина и дегустирајте неколку видови вино. Можеби ќе го откриете вашето ново омилено вино.

Ноќен пикник – земете ќебе, храна и неколку фенерчиња  бидејќи ако запалите оган можно е да ве казнат. Седнете си и уживајте во длабоките разговори под ѕвездите.

Масажа – овозможете и на својата подобра половина масажа за паметење. Малку масло, малку лед и страстите веднаш ќе се разгорат.

Состанок на клупа во парк – потсетете се на средношколските денови кога седевте на клупа во парк со симпатиите. Ќе уживате и во природата.

Возете се со велосипед –истражете го градот и околината со велосипед, не мора постојано насекаде да одите само со автомобил или со автобус.



Изладете се во базен – ако се уште не сте заминале на одмор, кога ќе бидете слободни посетете некој базен. Секогаш е убаво да се разладите кога времето е мошне топло.

Пијте коктели на тераса – бидејќи некои коктели се мошне едноставни за подготовка, купете потребни намирници и направете ги. Некогаш може и да експериментирате со она што го имате во домашниот бар.

Вечер исполнета со игри за возрасни – зајакнете го сексуалниот апетит и испробувајте нови пози или играјте улоги.

Гответе заедно – подгответе некое интересно јадење кое до сега не сте го приготвувале. И двајцата ќе бидете нестрпливи да го вкусете.



Кино – погледнете некој од филмовите кои се нудат во локалното кино, па ќе имате за што да зборувате подоцна со пијачка.

Излезете и танцувајте – ако сте љубители на танцот, облечете цветен фустан, потпетици и излезете заедно со партнерот. Напијте се неколку коктели и подиумот е ваш.

Планинарење – ова е одличен начин да ја запознаете природата и да се погрижите за вашето здравје. Ем ќе се дружите ем ќе уживате во глетката.

Натпревар – ако сакате да ја отфрлете негативната енергија, спортскиот натпревар е одличен за тоа. Можете да гледате ракомет или кошарка, доколку не сте љубител на фудбалот.

Организирајте забава – договорете се со вашиот партнер и повикајте ги пријателите. Подгответе закуски, купете за пиење и дружете се сите заедно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби