Како облеката да направи да изгледате послабо?

Облеката може да направи да изгледате подебело од што сте, но и послабо.

Искористете ја истата за визуелно да си намалите по некој килограм. Како да го направите тоа?

Избегнувајте набори на здолништата и панталоните



Наборите ве прават подебели, па затоа носете рамни панталони, бидејќи истите ќе ви го скријат стомакот, а нозете ќе ги ви ги издолжат. Поради тоа ќе изгледате повисоки и попропорционални.

Покажете ги рамената



На тој начин ќе го свртете вниманието на рамениците од критичните делови на вашето тело. Носете маица која го покажува само едното рамо или пак и двете, изборот е ваш.

Завиткајте ги ракавите на кошулата



За да го нагласите најслабиот дел на раката (од лактот до зглобот) и да создадете изглед на витко тело, завиткајте ги ракавите на кошулата или почесто носете маици со ¾ должина на ракави.

Носете градник кој добро ви стои



Најчестата грешка која ја прават жените со градникот е што го носат прелабаво закопчан. На тој начин, градите нема да добијат добра потпора, а таа грешка многу полесно ви ги истакнува „спојлерите“ на половината. Најдобар избор е push-up градникот кој ќе ви направи рамнотежа на телото.

Носете облека за обликување на телото



За да го скриете стомакот, добро е да носите мидер за обликување на телото, доволно долг да ги покрие и бедрата.

Нозете истакнете ги со подвезици



Хулахопките со боја како кожата се мошне добар пријател на сите девојки со вишок килограми, бидејќи прават нозете да им стојат на место и да не им се познава премногу целулитот. Но, бидејќи летно време е мошне топло со хулахопки, истите заменете ги со подвезици.

Носете длабок V-израз



На овој начин, ќе го истакнете лицето и ќе го свртите вниманието на горниот дел од телото.

Паметно комбинирајте ги модните додатоци



Користете ги модните додатоци само за да го нагласите она најдоброто на вас. На пример, ако имате стомаче, ставете масивен ѓердан и облечете шарени панталони, бидејќи така ќе ги истакнете лицето и нозете, а ќе го одвлечете вниманието од средниот дел на телото.

Облекувајте темни фармерки со висок струк



Од фармерките со низок струк може да ви испадне стомачето, а тоа не е убава глетка. Затоа изберете фармерки со висок струк и темна боја која визуелно ќе ви ги намали нозете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби