Трикови со кои ќе се збогувате со досадните мравки од домот

Летото е годишно време кога борбата со мравки во домот ни предизвикува најголеми главоболки. Дознајте како може да се збогувате со нив со помош на природни средства.



Бел оцет

Едно од најпознатите природни средства за бркање на мравките е белиот оцет. Во шише со распрскувач ставете еднаква количина оцет и вода па испрскајте на местата на кои се наоѓаат мравките. Работните површини исто така може да ги избришете со крпа со оцет и вода.

Кујнска сол

Неколку лажици кујнска сол измешајте со зовриена вода. Изладената течност ставете ја во шише и потоа попрскајте на сите месата на кои се собираат мравките, но и дупките преку кои доаѓаат во вашиот дом.



Креда

Ставете парчиња креда по пукнатините во ѕидот, токму во местата каде што се кријат мравките.

Цимет во прав

Патеките по кои се движат мравките поминете ги со цимет. За неколку часа, тие би требало да го напуштат тоа место, бидејќи мравките не го поднесуваат интензивниот мирис на циметот.

Борна киселина

Измешајте 3 лажици борна киселина и 3 лажици шеќер во 2дцл топла вода. Намокрите парчиња памук од оваа течност и ставете на сите места каде што се собираат мравките. Шеќерот ќе ги привлече, а киселината ќе ги уништи.



Цитрус

Не ви требаат опасни индустриски инсектициди за да се одбраните од мравките. За тоа ќе ви помогне и цитрусот, кој мравките воопшто не го сакаат. Исцедете сок и попрскајте во нивните живеалишта.

Бибер

Мравките бараат шеќер, но вие изненадете ги со пипер. Посипете бибер на местата по кои се движат и ќе им пратите порака веќе да не се враќаат во вашата кујна.

Зачини во кујнски ормарчиња

Залепете ловоров лист на садовите со шеќер. Мирисот на ловор ќе ги одбие мравките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби