Прстот на кој го носите прстенот открива многу работи за вас

Прстенот не е само обичен украс на раката, туку и симбол на социјален статус, како и недвосмислен показател на карактерот. Психолозите тврдат дека може да се откријат многу работи за личноста според тоа на кој прст го носи прстенот.



Ако некој го носи прстенот на средниот прст, значи дека таа личност придава големо внимание на убавината, бидејќи накитот на тоа место ја нагласува елеганцијата на раката, но и самодовербата. Потребата за внимание од околината е пропорционална со големината на каменот.

Прстенот на показалецот укажува на силна волја. Ако некој на тој прст носи прстен со голем камен, значи дека е многу моќен и горд. Накит на десниот показалец открива голема интелигенција, додека на левиот укажува на склоност кон мегаломанија.



Прстенот ставен на малиот прст означува необични, но оригинални луѓе, па токму затоа овде најчесто ставаат накит актерите, уметниците и дизајнерите.

Личностите кои носат прстен на палецот, без разлика дали се мажи или жени, обраќаат големо внимание на сексуалноста.

Прстенот на „венчалниот“ прст е знак на брачниот статус. Во стар Рим на тој прст се носел прстен од бронза како симбол за долготраен брак. Интересно е дека накитот од злато станал популарен дури во 3 и 4 век од нашата ера.



Ако носите повеќе прстени и на двете раце, значи дека сте многу чувствителни па придавате голема важност на имиџот за да ги прикриете своите слаби точки.

Ако пак носите само еден прстен, тоа е знак дека сте одлучни и сигурни во своите избори. Имате силен карактер, а кога си поставувате некоја цел, со сета сила се трудите да ја исполните и покрај препреките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби