ВНИМАВАЈТЕ НА ТОКСИЧНИТЕ ЛУЃЕ

Колеги од кои треба да се држите подалеку

Половина од денот го поминуваме на работното место, опкружени со најразличен вид на луѓе. Сите имаме различни карактери, па кон сите треба да се однесуваме различно. Сепак, постојат токсични луѓе, од кои мора да се држиме подалеку. Како да се однесуваме кон нив?

Оној кој постојано се жали



Постојат два начини да се соочите со нив: да се воздржите или да му го намалите жалењето.

Со овие луѓе не треба да се полните со негативноста која тие ви ја шират, туку баш напротив, покажете му пријателски став и држете ја конверзацијата на некое ниво, не многу длабоко и лично. Можеби ќе почувствувате потреба дека токму на оној кој што се жали му треба некој да го сослуша, сепак ако се зближите премногу со личноста може да станете и вие како него.

Ако не треба редовно да работите со овој вид на работник, лесно е да го избегнувате. Сепак ако мора да работите заедно бидете постојано позитивни и немојте многу да се грижите за неговото мислење.

Оној кој оговара



Оговарачите ќе ве натераат да влезете во нивната игра и да почнете заедно да трачарате. Сепак, може учтиво да му кажете дека не сакате да сте дел од нивната „екипа за оговарање“. Ако не го направите ова и продолжите да се дружите со нив, ќе почне да се шири информација за вас дека не сте личност од доверба.

Токму затоа внимавајте што и на кого му кажувате важни работи. Поточно, размислете пет пати пред да кажете нешто.

Оној кој не работи



Во речиси секоја фирма постои овој работник. Тешко е да работите со личност која не се нервира толку многу за работата и која не дава се од себе, особено ако вие сте вреден и посветен работник.

Поради тоа избегнувајте да работите на заеднички проекти со оние колеги кои не работат. Немојте да ги навредувате, само кажете им дека повеќе би се вклопиле во друштво со некој друг колега. Не сте должни вие да ја завршите целата работа или постојано да потсетувате некој друг за да работи, кога тоа време можете да го искористите за работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби