Топ 6 модни додатоци кои треба да ги понесете на плажа ова лето

Плажа и мода на едно место, зарем има нешто што звучи попривлечно? Летото е во полн ек, сезона на многу сонце, бои, шаренила и позитивна енергија. Не заборавајте да ги понесете со себе овие неколку работи доколку сакате да изгледате впечатливо и шик ова лето:

Кафтан


Девојките имаат една дилема, што да облечат врз омилениот костим за капење. На летната модна сцена ова лето е кафтанот. Оваа лабава и широко наметка е омиленото модно парче на тренсетерките оваа сезона. Долго или кратко, со или без ракави, еднобојно или шарено, може да биде ваше омилено парче облека за на плажа. Со впечатливи очила за сонце, интересни чанти, морските локни и беспрекорниот бронзен тен, нема нешто што повеќе се вклопува од секси и заводливиот кафтан.

Сламени чанти

Украсени со чипка, ресички, платно, совршено ќе се вклопат во секој ваш летен outfit. Без разлика, поголеми или помали, важно е во нив да ги сместите вашите потребни работи: пешкир, паричник, телефон, омилената книга и се разбира да бидат лесни и комфорни за носење. Модниот свет е вљубен во овие сламени убавици.

Интересни шешири

Можете да ги најдете во секакви бои, големини и модели и совршено да ги вклопите со секое парче облека. Трендсетерките едноставно ги обожаваат не само заради заштитата од сонце, туку и заради гламурозниот изглед кој ви го даваат. Фактот дека ќе го заштити вашето лице од сончевите зраци, а воедно е и модерен аксесоар што никогаш не излегува од мода е уште една причина зошто треба да го носите ова лето.

Очила за сонце како огледало

Нови трендови на очила за сонце ни носи секоја нова топла сезона. Па ако лани се носеа мачкести очила, ова лето акцентот е ставен врз нивните т.н огледало шарени стакла. Ова лето следете ги стапките на модните блогери и заменете ги вашите монотони класични црни очила за шарени. Без разлика дали рефлексијата е во розова, црвена, сина или жолта боја, овие очила ви даваат свеж и разигран изглед. Со нив ќе изгледате впечатливо и привлечно и ќе го крадете секој поглед, а истовремено ќе ги заштитите очите од штетните UV сончеви зраци.

Лепези

Еднобојни или шарени, сламени или дрвени, овој префинет моден детаљ е незаобиколен додаток ова лето. Да се разладите во најтоплите денови, а истовремено да изгледате впечатливо и грациозно. Трендовите доаѓаат и си одат, но лепезите никогаш не излегуваат од мода. Затоа ова е парче што секоја дама треба да го има во својата чанта.

Необични гуми за во вода

Ова лето фотографиите на Инстаграм збогатете ги со необичните и откачени гуми во најразлични форми. Еднорог, лубеница, пеперутка и огромна крофна се на модниот трон ова лето. За која форма и да се одлучите верувајте дека уживањето ќе биде максимално.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби