Како да се справите со кошмарите на вашето дете?

Сигурно некогаш сте го забележале вашето дете како се врти во сон или наеднаш се буди плачејќи, лошо сонува, односно има ноќна мора.

Кошмарите се честа појава кај децата особено кај оние од втората до шестата година. Ноќните мори не оставаат никакви лоши последици врз децата иако родителите премногу се грижат кога нивното дете ќе се соочи со ваков проблем.

Кога детето има ноќна мора, најчесто почнува да плаче во сонот, не е свесно за околината и за луѓето во неа и не може да се смири. За среќа овие симптоми траат кратко. Доколку вашето дете ви каже што се случило во текот на ноќта, разговарајте со него, сепак не бидете изненадени ако не се сеќава што сонувало.

Кошмарот најчесто се јавува во првата половина од сонот. На повеќето деца со текот на времето им престануваат ноќните мори. Постојат и такви на кои им продолжуваат, па ако дојде до тоа побарајте совет од вашиот лекар.

Ноќните мори најчесто се јавуваат кај деца кои се преморени и ненаспани. Практикувајте вашето дете да оди на спиење во исто време секој ден и подгответе една пријатна атмосфера за спиење. Прочитајте му убава приказна за деца притоа да сфати дека сите понекогаш имаме лоши сонови за да може да заспие полесно и побрзо. Најдобрата средина за читање приказни е во кревет и со пригушено светло.

За детскиот развој сонот е многу важен, па затоа трудете се секојдневно вашето дете да го има. Доколку за него се грижи дадилка или некоја ваша блиска личност, задолжително објаснете и дека постои можност од кошмари и подгответе ја како да реагира доколку се случи оваа несакана ситуација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби