Пет начини како да одговорите на арогантните провокации

Арогантното однесување е нешто што многу луѓе ги иритира кога се во прашање меѓучовечките односи. Постојат два начина на кои се манифестира ароганцијата: супериорност и презир. Супериорност претставува величење на самите себе и верување дека сте подобри од другите, додека пак презир е омаловажување на другите.

Тешко е да се биде во друштво на арогантни луѓе. Тие имаат и неколку заеднички особини и карактеристики со нарцисите, вклучувајќи го верувањето дека се најдобри и единствени, секогаш очекуваат од другите да им се восхитуваат и веруваат дека заслужуваат само најдобро во животот.

Ви предлагаме 5 начини како да комуницирате со арогантните луѓе и при тоа да се поставите како јунак во таквата комуникација:

1. Врз основа на што заклучи дека тоа треба да го кажеш?

Со овој тип на прашање го предизвикувате арогантниот соговорник да ја објасни својата изјава која е обоена со ароганција или се темели на стереотипи. Целта е да го наведете арогантниот човек да размисли за тоа што го кажал со надеж дека ќе сфати дека неговите зборови го навредиле неговиот соговорник и секако во иднина да размисли пред да каже нешто слично.

2. Тоа е само твој агол од приказната

Живееме во слободен свет и сите имаме право на свое мислење. Две личности една иста работа може да ја гледаат на два различни начини. Потребно е на арогантните луѓе да им покажеме дека другите луѓе не се согласуваат со нивните мислења, ставови и видувања на нештата.

3. Ова звучење многу умислено, сигурен сум дека не мислеше така.

Со оваа изјава на арогантната личност ќе и дадете до знаење дека се добри луѓе кои се понекогаш несфатени во своите изјави и дека сте подготвени да им дадете друга шанса да објаснат што и како мислеле. На овој начин им давате можност да го спасат својот образ и да објаснат што точно сакале да кажат, да се исправат сами за да избегнат другите да ги исправаат.

4. Всушност, познавам човек што...

Кога арогантните луѓе ќе почнат да омаловажуваат некои групи луѓе, пробајте да ги предизвикате да ги оправдаат своите ставови на личен начин. Можете да им кажете дека некој ваш роднина или вашата мајка е член на групата што ја омаловажува. Овој одговор ќе ги шокира бидејќи не била поентата да ги омаловажува другите туку индиректно да го подигне својот друштвен статус. Доколку се почувствувате загрозени и на раб на конфликт, ќе се извините или “исправите” и продолжите да разговарате на други теми.

5. Би ти бил благодарен доколку завршиме со овој разговор...

На истиот начин на кој арогантниот човек го превзема главниот збор во разговорот, вие можете тој разговор да го завршите. Арогантните луѓе го сакаат звукот на својот глас и способни се да држат долготрајни монолози, па понекогаш е потребно да се прекине монологот за да не се отиде “предалеку”.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби