ПЕРЦЕПЦИЈАТА Е СЕ

Утрински тајни за одлично расположение во текот на целиот ден

За да ви тргне денот наутро, не треба да го планирате по некоја тешка формула. Луѓе сме и нормално е да не се будиме секогаш со позитивни мисли. Но, тоа секогаш може да го смениме, бидејќи сите работи зависат од нас самите и од нашата перцепција.

Сепак, за да ви тргне денот со позитива барем потрудете се малку. Што е потребно?



Чувство на намера

Знаете ли која е најдобрата работа наутро? Чувството дека имате некоја мисија, некаква судбина, некоја смисла. А сите сме на почеток на нашата задача секое утро.

Речиси сите мотивациски говорници зборуваат дека најважната работа е да работиме на самите себеси, па дури и ако имаме или немаме некои работни обврски, секогаш нека ви биде цел да работите на себе и на тоа да го подобрите вашиот однос кон светот.

Токму затоа една од најважните работи наутро е чувството на намера. Можеби не можете да ја промените работата, но секогаш може да го промените начинот на размислување за истата. Запомнете дека се се случува за ваше добро.



Чувството на контрола

Сакате да се чувствувате добро? Преземете ја контролата над себе. Поставете си цели за целиот ден, па на тој начин ќе ви се подигне самодовербата и чувството на контрола за она што го работите.

Мозокот многу подобро работи кога сте смирени, па затоа многу е важно токму тогаш да си поставувате цели. Испланирајте го денот уште наутро и потрудете се да исполните што е можно повеќе од тие зададени идеи и цели.



Чувство на оптимизам

Го знаете она: Сѐ ќе биде добро или ќе биде подобро? Секако, тоа често си го кажуваме кога не знаеме што да кажеме во некои лоши ситуации. Затоа прашајте се – дали таа страшна случка или ситуација навистина не се издржува? Има ли во тоа нешто позитивно? Мора да постои и посветла страна и некоја светла точка!

Резултатите од бројните истражувања довеле до мноштво придобивки од оптимизмот:

  • Оптимизмот е поврзан со подобро здравје и подолг животен век

  • Оптимизмот и благодарноста го зголемуваат чувството на среќа

  • Очекувањето другите да ве ценат, ве полни со самодоверба, а тоа значи дека и вас ќе ве ценат повеќе

  • Очекувањето на позитивни резултати при склопување на сите договори, се покажало дека оптимистичната страна секогаш го добива она што го сака

  • Оптимистите имаат повеќе среќа. Само со позитивно размислување може да исполниме повеќе прилики.

Немојте само да ги зборувате позитивните работи. Размислувајте за целите, земајќи ги во предвид и препреките, но најважно е да смислите како да ги надвладеете. Во себе имаме многу поголема верба и надеж само ако однапред ги сфатиме проблемите и направиме некој план.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби