СОВЕТИ ОД НАУЧНИЦИ И ЕКСПЕРТИ ЗА ВРСКИ

11 начини за да се чувствувате и да изгледате попривлечно

Не сите денови може да се чувствуваме убаво, привлечно и секси. Понекогаш за тоа се виновни случувањата околу нас, влијанието од другите луѓе или пак едноставно не ни е денот. Дури и на најубавите личности, директорите и оние кои веруваат во себе им се случува некои денови да немаат самодоверба и да се потиснат во себе.

За таа цел, порталот Independent се консултирал и со научници и експерти за врски, за да споделат неколку начини преку кои ќе се чувствуваме и ќе изгледаме попривлечно.

Вежбајте



Можеби сметате дека вежбањето е добро само за вашиот физички изглед, но всушност тоа ви помага да се чувствувате попривлечно. Преку вежбањето си имате време за себе, а и ви се ослободува ендорфин, хормон кој инстантно го подигнува расположението. Една студија на универзитетот Турку, Финска, во 2015 година, откри дека луѓето кои вежбаат имаат многу поголема самодоверба.

Давајте комплименти



Добивањето на комплименти е добро за самодовербата, но делењето и ширењето на љубов е исто така мошне добро бидејќи на тој начин правите другите да се чувствуваат добро.

Истражувачите од Универзитетот за електронска наука и технологија во Кина, откриле дека мажите кои им делеле комплименти на жените се сметале за попривлечни.

- Да научете како добро да давате комплимент е сигурен пат кој ќе ве однесе кон вториот состанок. Со самото тоа што ги пофалувате другите, ја зголемувате шансата да сте попривлечни во нивни очи, изјави Денис Леви, експерт за врски.

Смејте се



Не е непознато дека смеењето е позитивен сигнал за топлина, пристапност и привлечност. Но, изгледа дека уште покорисно е да се смеете и да се гледате во огледало.

- Ако се смеете самите на себе во огледало, ќе добиете многу слични чувства како во мигот кога ви се смее познат пријател, изјави Шадин Францис, терапевт за врски.

Зборувајте си позитивно на себе



Можеби ќе ви изгледа чудно, но и ако си ги кажувате добрите работи кај вас, ќе имате поголема самодоверба. Без разлика дали станува збор за физички или психички квалитети кои ги поседувате, добро е да ги искажувате од време на време и тоа пред огледало. На почеток ќе ви изгледа смешно, но веднаш ќе ги забележите придобивките.

Едно истражување од 2014 година на универзитетот во Илиноис покажало дека луѓето кои си зборувале позитивно за себе имале поголем успех во работата и поголема самодоверба.

Не зборувајте негативно за себе



Секогаш кога зборувате негативно за некого и вие се чувствувате негативно. Истиот ефект се постигнува и кога зборувате негативно за себе. Психологот Џоди де Лука препорачува да откриете од каде доаѓаат тие негативни мисли и да ги решите. Откако ќе откриете во што е проблемот, полесно ќе може да го решите проблемот и да зборувате позитивно за целата ситуација, а така и за себе.

Одредете го односот со другите



Токсичните луѓе во вашиот живот може да влијаат многу лошо врз вашата личност. Ако постојат луѓе кои ве прават тажни и нерасположени, не се однесуваат добро кон вас или имаат лошо влијание, треба да ги прекините врските со нив. Токму тие не ви дозволуваат да напредувате, а со тоа и да не сте привлечни за околината.

Имајте смисла за хумор



Смеењето и шегувањето може да ви го подобрат секојдневието. Ако постојано сте расположени, ќе го намалете притисокот од околината и од обврските, но и ќе им бидете попривлечни на луѓето околу вас.

- Ова е многу важно, бидејќи некои луѓе секој аспект од нивниот живот го земаат сериозно, а на тој начин се отсликува и нивната личност. Сосема добро е да не сте совршени, никој не е совршен, советува Алекс Редл, специјалист за состаноци.

Имајте секс



Сексот е одличен, забавен и многу лесен начин за да си ја подигнете самодовербата. Луѓето кои имаат редовен секс имаат многу поголема самодоверба, откри едно истражување објавено во магазинот „Social Psychological and Personality Science“.

Исто така, хормоните кои се ослободуваат за време на сексот, прават во очите на другите луѓе да изгледате попривлечно.

Глумете додека не успеете



Најлесниот начин да се чувствувате добро? Глумете дека сте!

Кога ќе се предизвикате себеси дека се чувствувате навистина добро, по некое време навистина ќе биде така.

- Начинот на кој влегувате во некоја просторија е само еден начин на кој покажувате дека вие имате самодоверба. Сѐ е до вашата насмевка, говор на тело и поглед. Кога не се чувствувате добро луѓето тоа го забележуваат, изјави Денис Леви.

Ако ви е тешко да се расположете, помислете на некоја случка или момент од минатото во кој сте се почувствувале многу добро.

Облечете нешто црвено



Огромен чекор е ако се облечете во некоја облека во која се чувствувате добро, но уште поголем чекор е ако носете некоја посебна боја. Едно истражување од универзитетот во Рочестер покажало дека облеката во црвена боја може автоматски жените да ги направи попривлечни во машките очи. Тоа е така затоа што црвената боја ја претставува страста, моќта и сензуалноста.

Застанете исправено



Доброто држење инстантно го подобрува расположението. Освен што ќе се почувствувате подобро, ќе имате поголема самодоверба и ќе покажете моќ. Една студија направена од Здружението за психолошка наука во Британија открило дека со исправеното држење на телото се зголемува тестостеронот, се намалува кортизолот и се зголемуваат чувствата на моќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби