Совети за животот од постарите кои ќе ве замислат

Старите луѓе често нè советуваат работи кои што вредат злато. Тие совети секогаш треба да ви бидат на ум бидејќи со нив многу полесно ќе го живеете вашиот живот. Во прилог ви претставуваме совети кои дефинитивно ќе го променат начинот на кој размислувате и ќе ве замислат.



*Најважната личност во вашиот живот е онаа која се согласила да го дели својот живот со вас. Така и однесувајте се кон неа.

*Можеби ќе имате долг или краток живот – никој не знае. Но, во секој случај, верувајте кога ви кажуваат дека во младоста мора многу да внимавате на себе.

*Работите се само работи. Немојте да се опседнувате со материјални работи, ценете го времето и искуствата.

*Љубомората ги уништува врските. Верувајте и на својата друга половина, бидејќи на кој друг ќе верувате ако не неа?

*Луѓето секогаш велат „Потрудете се да најдете работа во која ќе го работите она што го сакате“. Но, тоа не е најдобриот совет. Вистинската работа е онаа која некои денови ја сакате, други денови не ви е многу омилена, но се уште ви ги плаќа сметките. Речиси никој нема работа која ја сака секој ден.



*Ако некогаш ви е тешко во животот, само вратете се во сегашниот момент и уживајте во сè што е убаво. Длабоко воздивнете и опуштете се.

*Годините минуваат многу брзо. Немојте млади да влегувате во брак. Живејте го својот живот. Патувајте. Занимавајте се со многу работи. Без разлика колку пари имате, спакувајте се и одете на некое место кое може да си го дозволите. Додека никој не зависи од вас, не купувајте работи. Прошетајте го светот.

*Не сфаќајте го животот сериозно. Дури и ако работите ви изгледаат мрачни и безнадежни, потрудете се да се насмеете на тоа колку е луд животот.

*Вистинскиот пријател ќе дојде дури и ако го барате во 2 часот по полноќ. Сите останати се само познаници.

*Децата растат многу брзо. Искористете го максимално времето кое го поминувате со нив.



*Никој никогаш не умрел жалејќи се што не работел повеќе. Бидете вредни, но немојте работата да ја ставате пред семејството, пријателите или себе.

*Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар и да имате срцеви проблеми, за никогаш да не се соочите со истите.

*Чистете ги забите со конец за заби, бидејќи проблемите од забите може да бидат опасни.

*Не прифаќајте совети така лесно. Може да побарате совет од некој кој го почитувате, но потоа разгледајте ја ситуацијата и донесете своја одлука. Во суштина, секогаш слушајте го својот совет.

*Имаме само една шанса на оваа земја. Немојте да дозволите да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а да не сте ги направиле работите за кои сте сонувале.



*Ценете ги малите работи и бидете присутни во сегашниот момент. Денешните млади сакаат се да искусат наеднаш. Наместо тоа, зошто да не го цените секој мал момент? Нема да сме вечно на оваа планета. И најголемото задоволство може да се пронајде во најдосадните активности. Наместо да пратите порака, дигнете слушалка и побарајте го човекот. Јавете и се на вашата мајка и разговарајте со неа за ништо посебно. Тоа се моментите кои треба да ги цените.

*Плаќајте сметки и избегнувајте долгови.

*Ако сонувате за тоа дека сте некој или дека работите нешто што ви се чини невозможно, сепак пробајте. Со текот на годините станувате одговорни и за други луѓе, па тогаш нема да имате можност за тоа.

*Кога запознавате некој за прв пат, сфатете дека всушност не знаете ништо за него. Гледате раса, пол, години и облека. Заборавете го тоа. Не знаете ништо. Овие претпоставки се засновани на предрасудите кои ви се појавуваат во главата поради тоа што вашиот мозок ги сака категориите, но тие ве ограничуваат и вас и животите на другите луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби