Прашања кои ги полудуваат мажите, но жените постојано ги поставуваат

Жените знаат да бидат мошне досадни кога станува збор за одредени прашања. Иако на мажите им се крева коса од некои работи кои секојдневно ги слушаат, не можат да соберат храброст за да им кажат да не ги поставуваат. Сепак, драги дами, време е да престанете да поставувате одредени прашања:

Дали изгледам дебело?



Како и да го поставите прашањето, нема да добиете искрен одговор. Ниту вие ќе бидете задоволни од одговорот, ниту пак вашиот маж ќе биде задоволен од ситуацијата во која го ставате.

Честопати, жените се чувствуваат несигурно кога станува збор нивната тежина. Но, наместо со тоа да ги замарате вашите партнери, зошто не се потрудите за себе да изгледате најдобро што можете? На тој начин ем ќе имате повеќе самодоверба, ем нема да ги истакнувате негативностите во очите на вашиот маж.

Поубава ли е од мене?

Нема ништо лошо во убавината. Секогаш ќе има поубави луѓе од нас. Ако вие сте забележале некоја убава девојка, зошто сметате дека вашиот партнер истата не ја забележал? И верувајте дека ако го прашате дали е поубава, нема да добиете искрен одговор и ќе се изнервирате.

Сепак, вашиот партнер ве избрал вас. Нормална појава е да го привлекуваат други девојки и да забележува, исто како што и вие се вртите по згодни момци. Покрај вашата убавина, тој е со вас и покрај интелигенцијата, шармот и тоа што се надополнувате еден со друг. Немојте да ја гледате само површинската убавина во тој момент.

За што размислуваш?



Ако сте живееле со вашиот партнер подолго, најверојатно сте забележале како на моменти седи и е длабоко замислен, а вие веднаш ќе сакате да дознаете за што размислува.

Мажите се поразлични од жените. Жените најчесто знаат да се замислуваат за најразлични работи, а мажите ако ви кажат дека не размислуваат за ништо, навистина е така, иако нас може работата да ни стане посомнителна. Сепак, наместо да се расправате, седнете до него. Ако тој сака да зборува за тоа – ќе зборува, ако не никому ништо. Немојте да правите слон од мравка.

Ме сакаш ли?

Се сомневате во љубовта? Ако навистина е така, тогаш мора самите да откриете за што станува збор. Инаку, ќе направите самиот да се запраша дали навистина ја заслужува вашата љубов.

Многу подобро е да му кажете дека вие се сомневате во него поради одредени работи кои ги прави или уште подобро, да го пофалите кога тој прави да се чувствувате сакано.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби