ШТО КОГА ЌЕ СЕ РАЗВИЕ ЕМОЦИЈА?

Замката на пријателствата со привилегии

Во  изместен систем на вредности една од најинтригантните теми е машко-женското пријателство. Навидум пријателството е мошне едноставна категорија, но што кога искрите меѓу двајца пријатели ќе се разгорат? Дали огнот ќе стивне или се разгорува до степен на категоричен опасен пожар кој уништува безмилосно сé, па и долгогодишните пријателства?

Оклопот зад кој се кријат односите во кои има нешто повеќе од пријателство, а помалку од љубов е наречен пријатели со привилегии. Иако поимот привилегии треба да претставува нешто посебно и специјално, во овој случај не е баш така. За да би се заштитиле од "кршење" на нашите души и искористена доверба често размислуваме на оваа опција.

Сепак и ваквите односи кријат опасности....

1.Кога започнуваш нешто недефинирано, најчесто и завршува како такво

Една од карактеристиките што го дефинираат пријателството со привилегии е токму фактот на нејасност и неконкретно поставени граници.
Ова значи дека партнерот може да го прекине овој однос без објаснувања.

2. Вложување сé без очекувања за возврат

Голем проблем со кој се соочуваат луѓето во ова е токму вложувањето без очекување дека ќе им се возврати. Давање се од себе, своето тело, време и дел од чувствата без да се добие ни дел за возврат. Се создава темен облак од себичност, немање почит, а притоа никој нема одговорност за тоа.

3. Чувствата губат вредност, а нивното место го заземаат потребите

Нашите тела реагираат на обичен бакнеж, прегратка и секс. Тоа е извонредна ситуација која прави да се чувствуваме поврзано со одредена личност, но може да биде збунувачка кога нашиот мозок перцепира дека со таа личност постои само пријателство, а чувствата говорат обратно. Секако  „на чувствата не треба да им се верува".

4. Секогаш едниот е повреден

Вложувањето без да разбудиме ни најмала емоција кај личноста што ни значи може да биде болно. Човечката природа налага да дадеш и да добиеш. Тоа е добар баланс кој прави сите да бидат задоволни.

Впуштањето во нешто кое е невозвратено, прави да се чувствуваме како губитници. А тоа е фрустрирачки. Доколку сте одлучиле да станете пријател со некого, сигурно постои добра причина за тоа. Создавањето на збунувачки односи би довело до создавање на екстремно опасен круг во кој би заглавиле без даден чекор за напред или назад.

А, нијансите на сиво секогаш се разочарувачки..



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби