4 фризури кои би издржале при секакви временски услови

Косата се смета за круна на изгледот на една девојка. Сепак, не секогаш можеме да ја скротиме и да ја доведеме во посакуваната форма. Ова особено важи за ситуации во кои временските услови не ограничуваат.

Подготвивме неколку предлози на лесни фризури кои би издржале дури и на најекстремните временски услови:

1. Плетена пунџа

Овој вид на фризура е лесен, нема да ви одземе повеќе од 15 минути, а притоа и дава посебна елеганција на косата. Одлична опција е доколку имате  малку време на располагање, а ви треба итно решение за да се справите со нескротливата коса.

За да ја направите потребно е да ја поделите косата на три дела. Средниот дел треба да биде подебел од останатите два. Сплетете плетенка која на крај ќе ја свртите во облик на ниска пунџа и ќе ја прицврстите со мали незабележителни шнолички. Истото направете го со останатите два дела, но имајте во предвид дека едниот дел треба да го насочите над пунџата формирана од средниот дел, а вториот под неа.

2. Плетенка во облик на круна

Совршена за секоја пригода, оваа плетенка му дава посебен сјај на секој изглед.

Земете еден прамен од едната страна на вашата коса и сплетете го. Истата постапка направете ја со нов прамен од другата страна. Доближете ја едната плетенка до тилот и зацврстете ја, а другата плетенка поврзете ја со првата оформувајќи полукруг од двете на косата.

Нема потреба да внимавате дали тие се еднакви и уредни, бидејќи  убавината на оваа фризура се состои токму во нејзината несовршеност.

3. Високо коњско опавче

Фризура која прави да изгледате моќно, а сепак е едноставна за правење.

Заштитниот знак на Аријана Гранде, сепак не е комплициран како што изгледа. Се што треба да направите е да ја соберете косата на висока точка зацврстувајќи ја со ластик оставајќи ја слободно да паѓа на вашата задна страна.

Земете еден прамен од веќе формираното опавче и внимателно обвиткајте го околу ластикот со цел да го прикриете, но и да му додадете интересен детаљ на истото.

4. Полусобрана коса


Кога не можете да одлучите дали да ја соберете целосно косата или пак да ја оставите пуштена секогаш можете да ја изберете средината.

Главната карактеристика на оваа фризура е природниот изглед кој таа го овозможува.

Иако има повеќе варијанти кои зависат од начинот на кој сакате да ја прицврстите, сепак најпрактична е онаа при која се земаат два поголеми прамени од двете страни на косата и се спојуваат во еден со две мали црни шнолички.

Може да додадете интересен аксесоар кој би и дал дополнителен сладок изглед на вашата веќе направена фризура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби