Неколку начини како да ја предизвикате интуицијата

Сигурно барем еднаш во животот ви се случило да претчувствувате дека нешто добро или пак лошо ќе се случи, а неретко излегло дека сте биле и во право.

Поради оваа појава која е надвор од човековата логика, ова морбидно чувство често го прикриваме или пак го игнорираме.

Иако ова чувство се појавува многу ретко и тоа во вид на претчувство, инспирација, телепатија, чувство на пријатност или непријатност во стомакот,  сепак можете да го предизвикате односно развиете на неколку начини.

Почувствувајте ја енергијата на луѓето со кои сте опкружени

Скоро секогаш иако вашата енергија е на високо ниво, негативноста на еден човек и неговите зборови знаат да го исцрпат секое делче од неа и да направат да се чувствувате ужасно. Неретко и токму тогаш ви се случуваат таканаречени „баксузни“ моменти.

Со позитивна енергија сè што правите колку и да е тешко ви оди од рака. Па така и интуицијата, кога сте опкружени со вистинските луѓе ви е многу полесно да ја почувствувате и анализирате. Tокму првото чувство кое ќе ви се појави  во врска со шестото сетило е она вистинското.

Поврзете ги вашите соништа со реалноста

Анализирањето на секој сон не е залудно. Всушност сè она што ви се случува се складира во потсвеста и ви се изразува токму во соништата. Од најголемите стравови до одредени лица кои сте ги сретнале на улица, но не сте посветиле внимание на нив од преголемите обврски, а знаат да се одразат и да влијаат на вас. Всушност некогаш соништата ни се двигатели, а и решение на одредени животни проблеми.

Пробајте пред спиење да си поставите прашање кое е клучно за вашата ситуација, наутро дозволете си да полежите уште неколку минути повеќе од вообичаеното како би се присетиле на сонот во текот на ноќта. Доколку тешко ви оди, пробајте да го запишете, неретко ќе го добиете решението на проблемот кој ве мачел подолго време.

Обратете внимание на знаците

Често со вашата ситуација знае да се поклопи уште некоја слична. Иако сметате дека нема решение во врска со вашата, постојат одредени знаци кај сличната кои водат кон разврска , а тоа значи дека ќе се најде решение и за вашиот проблем. Истите може да ги има на денешните вести, одредени книги, зборови од песни, па дури и разговор кој го правите со некоја личност. Во тој случај водете се според вашите чувства, како би го направиле вистинскиот чекор кој би ви помогнал да се справите со дадената ситуација.
Доколку се чувствувате сигурно и мислите дека токму тоа е добар потег продолжете, но доколку сметате дека тоа ќе биде дополнителна пречка и ќе ја заплетка ситуацијата застанете и пренасочете ги вашите размислувања кон пронаоѓање на подобро решение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби