Кое е најдоброто решение: Обичен, течен детергент или капсули?

На пазарот постојат различни видови на детергенти кои овозможуваат на лесен и практичен начин да се отстранат дамките од вашата облека.

Но, за разлика од порано, освен за чист изглед, сега постојат и детергенти кои со своите збогатени формули овозможуваат облеката  да има и освежени бои, да биде заштитена од оштетување при процесот на отстранување на дамките, но и заштеда на средства на потрошувачите.

Обичен прашок за перење на облека

Иако е веќе стара и излитена варијанта, сепак е најбараната на пазарот.  Посебно му се верува кога немате доволно облека за перење, бидејќи ефикасноста не му се намалува ниту при пола исполнета машина за перење.  Исто така содржи и активатори на белило кои не можат да се користат при негова течна верзија.

 Течен детергент

Сè поголем број брендови на течен детергент  заедно со пакувањето нудат и апликатор на детергентот за отстранување на тврдокорни дамки укажувајќи им на потрошувачите дека се одлични сојузници за целосно отстранување на дамките.
Избор на многумина е кога сакаат да ја освежат бојата на својата облека односно да ја исперат својата облека во нагласената боја за која се всушност тие наменети.
Повеќето течни детергенти за бела облека  се во сина боја, токму поради сините пигменти кои се заслужни за побелиот изглед на облеката.
Но, најчесто детергентите кои ја чуваат бојата на облеката се причина за губење на убавиот мирис на истата. Исто така како една од последиците е наведена и нееколошката пластична амбалажа во која тој е всушност спакуван.

Детергент во облик на капсули

Детергентот во облик на капсули овозможува дополнителна заштеда на вашиот буџет. Имено доколку ги користите не може да ви се случи да ставите помала или поголема доза од детергентот.
За капсулата да биде пофункционална ставете ја пред да ја наполните вашата машина со облека како би можела непречено да се растопи без можност да остави бели траги низ неа. Според правилото една капсула е доволна за да испере полна машина со облека.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби