Како да купите облека што ќе ви трае подолг период?

Штотуку сте купиле фармерки, но веќе по второто перење забележавте дека се оштетиле?

Сигурно забележавте дека секој тип на облека не е направен за да трае долг временски период. Сето тоа се должи на евтината облека која модната индустрија ја нуди на пазарот.



Сепак не сите модни куќи ја одбираат оваа варијанта, а добрата вест е што постојат неколку начини на кои може да дознаете дали парчето облека кое ви „паднало“ во очи спаѓа во квалитетна облека или пак не.


Проверете ја спецификацијата



Секако дека најдобар избор е облеката направена од ткаенина добиена од растенија и животни како што се свилата, памукот, волната или ленот, но сепак почесто и синтетиката претставува една од главните состојки во форма на полиестер, акрил или спандекс.
Дури и ткаенината направена од  100% памук доколку се помеша со некои од вештачки обработените влакна кои се користат во текстилната индустрија со цел да заштедат на скапите материјали, ја губи својата основна форма после одредено нејзино користење.


Дозволете да ве води вашиот допир



Сетилото за допир може лесно да стане ваш показател на квалитет. Може да ви покаже дали материјалот од кој е направено вашето одбрано парче е грубо, нежно, тенко, меко или дебело.
Она на што не сме посветиле внимание е дека и тенкиот материјал може да трае долго доколку е направен од вистинска ткаенина.
За подобар избор, погледнете во вашиот плакар која облека ви трае најдолго без да ја промени својата форма и допрете го материјалот од кој е направена. Кога ќе тргнете во потрага по нови парчиња, побарајте слични на нив.


Погледнете ја облеката и од внатрешната страна

Грешка која често ја правиме. Ја одбираме облеката според надворешната страна, но не и според внатрешната. Од голема важност е да се погледнат рабовите кои ги поврзуваат сите делови од парчето облека. Тие треба да бидат цврсти, еднакво поставени на материјалот, но и да бидат во правилна форма кога ќе ги повлечете зашиените делови.
Лошо сошиените рабови се показател на лошиот квалитет на парчето облека.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена се расправаат.
Жената: Ако ми беше сопруг, ќе ти турев отров во кафето.
Мажот: Ако ми беше сопруга, ќе го испиев!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен-Охрид (Отешево-Трпејца, преку...
Верски календар
На денешен ден
1204.- Умре Мојсие Мајмоинид, еврејски филозоф,...
1466.- Во Фиренца умре Донати ди Николо ди Бето...
1553.- Роден е францускиот крал Анри IV, прв...
1570.- Данска ја призна независноста на Шведска.
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби