Трикови кои ќе му бидат од помош на секој кој користи пегла за коса

Сигурно првото нешто кое ви е секогаш при рака како дополнителна помош која ќе ви помогне да ја скротите вашата коса е пеглата за коса. Иако е користена од многумина, сепак доколку погрешно се употребува може да ја направи сува или да ја оштети косата.



Постојат неколку корисни трикови кои ќе направат вашата коса да биде совршено испеглана, но и помалку оштетена.

Најважно од сè мора да користите препарати со кои ќе овозможите нејзина заштита

Сигурно досега сте допреле некој прамен и сте ја почувствувале жештината која пеглата ја создава. Замислете како таа делува на вашата коса без користење на препаратите за заштита на косата.
Топлината може да предизвика сувост и оштетување на вашата коса доколку не ја негувате на соодветен начин. Како би го одржале здравиот и сјаен изглед на косата, потребно е да создадете бариера помеѓу неа и вжештената пегла, а тоа најдобро ќе го направите доколку користите препарат за заштита на косата од топлина.



Температурата на вашата пегла не треба да надминува 230 степени

Иако постојат пегли чија температура достигнува и повеќе од 230 степени, а вашата коса побрзо и полесно се обликува на таа температура, сепак не треба да ги користите. Имено повисоката температура ја претставува опасната зона која го растопува кератинот кој и е потребен на вашата коса како би останала мазна и сјајна.

За поправа коса заедно со пеглата користете и чешел

Ако сте од оние кои сакаат екстра права коса, место да го поминувате праменот по неколку пати со пеглата следете ја косата со чешел. Овој трик е доста функционален, а освен свиленкаста коса ќе направи таа да изгледа и поцврста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби