Кој хороскопски знак најмногу изневерува?

Сите хороскопски знаци понекогаш изневеруваат, со таа разлика што на некој тоа му се случува само еднаш во животот, додека на друг му претставува секојдневие.

Прочитајте кои од нив имаат тенденција да измамат во врската, започнувајќи од оној хороскопски знак кој е најголем прељубник,  па сè до оној кој воопшто не ни помислува на тоа.

Стрелец

Велат доколку еднаш изневерите, секогаш ќе го правите тоа. Стрелците најдобро го знаат тоа. За нив се вели дека доколку и по смртта можат да изневерат, ќе го направат тоа.

Девица

Сите знаат дека сте прељубник, но дали навистина мора да сте толку отворени околу тоа? Не ви е грижа, па не си ги раскревате ни кондомите кои сте ги употребиле и сте ги оставиле на масичката. Не размислувате на тоа дали ќе бидете фатени бидејќи всушност вие сакате да бидете фатени.

Вага

Не се работи за тоа дека го сакате сексот толку многу колку што сакате да бидете посакувани. Љубовта и врските се важни за вас, но само донекаде бидејќи постојано споделувате и кажувате приватни работи на едни, па во друг момент на други луѓе и сакате да бидете сожалувани.

Овен

Вашиот партнер можеби не прави ништо погрешно. Правите сè од љубопитност. Најлошата работа кај вас е тоа што нема да се обидувате да криете доколку еднаш изневерите. Тоа ќе го правите постојано и јавно. Сепак знаете тоа да го направите од чиста разонода. Нема потреба партнерот да страда поради вашата љубопитност.



Близнак

Нема да бидете среќни сè додека не го испробате она кое што ви паднало на памет. Освен тоа, што ако умрете, а не ја искористите шансата која ви била дадена? На крајот од денот, си велите: Pа што кога сите други тоа го прават, можам и јас!

Јарец

Во принцип вие не го правите тоа, но доколку го направите воопшто не ве вознемирува. Вас повознемирен ќе ве направи фактот што сте на диета и ќе ви бидат забранети неколку намирници отколку тоа да изневерите некого.

Рак

Мили ракчиња вие не знаете како се прави тоа. Кога веќе го изневерувате партнерот направете го тоа малку поочигледно. Ќе мамите сè додека не ја најдете вистинската личност. Кога навистина ќе се вљубите тогаш изневерувањето е тема за која не сакате ни да слушате.

Водолија

Вие сакате повеќе да изневерите емоционално отколку физички. Доколку вашиот партнер е како секс машина која ве задоволува максимално како никој друг, тогаш под ниту еден основ нема да го изневерите физички туку само емоционално.

Риба

Сакате да бидете сакани и поради тоа не ви доаѓа на ум да изневерите, освен во моментот кога ќе сфатите дека сè е завршено и дека ситно се брои до крајот. Изневерувате како начин да излезете од врска за која веќе сте се убедиле дека нема иднина.



Лав

Сметате дека неверството е непрактична работа. Си велите „Зошто да ме боли главата со објаснување “. Дополнителни драми во врската не се во согласност со тоа што го сака лавот во врската.

Шкорпија

Вие го сметате помислувањето на друга личност за неверство. Во тој поглед сте прилично ригорозни. Не се заљубувате многу лесно и најчесто изневерувате доколку ви здодее сексот со личноста со која што сте во моментот.

Бик

Верни сте на вашиот партнер како кутрето што е верно  на сопственикот. Кога комплетно ќе се заљубите во некого, не можете да ги контролирате чувствата и таа личност многу ви значи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби