4 мита за неверствата во кои не треба да верувате

Неверства има на секој чекор, а денеска полесно е да се пребројат оние кои не изневериле отколку оние кои го сториле тоа.

Како и за сите нешта постојат митови кои се поврзани и со неверствата, а се апсолутно неточни.

Неверствата се резултат на несреќните врски

Иако ова е најточниот мит, сепак во одредени случаи тоа е само сплет на околности. И личноста која е потполно среќна во врската или бракот може да се најде во искушение да изневери. Луѓето настојуваат да најдат уживање во секоја работа, па не значи дека се несреќни со она што веќе го имаат, туку едноставно се љубопитни.

Неверството значи крај

За некои претставува нешто после кое не можат да преминат, но за други прилика за да го изградат својот однос од почеток. Кризниот период е најдобар начин за согледување и отстранување на оние нешта во вашиот однос кои претставувале пречка меѓу вас.

Еднаш неверен-засекогаш неверен

Уште еден мит кој треба да се елиминира. Иако повеќето се враќаат на старите навики, сепак има и такви кои извлекле поука од грешката која ја направиле. Не постои правило кое налага дека неверната личност секогаш ќе биде неверна.

 Неверствата се само поради потреба од секс

Недостатокот од секс не е секогаш причина за некој да се изложи на таков потег. Постојат разни форми на неверства, а претежно тие се направени поради недостаток од внимание, емоции и љубопитност.

И да остане парот заедно, после неверство нема да бидат среќни повторно

Луѓето никогаш јавно не говорат за нивните не толку убави спомени кои им се случиле, па од таа причина и нема да слушнете за врски кои зајакнале после неверството или пак успеале успешно да ги обноват своите бракови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби