Ако досега мислевте дека модата ги преминала сите граници, новиот моден тренд повторно ќе ве остави без зборови.
Станува збор за чанти кои наликуваат на кеси за ѓубре,а се дизајнирани од шпански бренд.
Иако можеби не се гледате себеси со една од нив во моментов, по овој тренд лудуваат жените во светот.
Чантите се направени целосно од кожа и се во црна боја, додека пак ремчињата се во светло жолта боја.
Соодветно со трите димензии кои се на располагање варира и нивната цена која е прилично висока.