Кога станува збор за гламурозните настани, едни од најимпресивните несомнено се оние во организација на брендот за долна облека, Victoria’s Secret, каде на едно место можеме да ги видиме најбараните супер модели на светот.
Розовата забава по повод првото емитување на ревијата на Victoria’s Secret од Шангај, овој пат се одржа во Њујорк. Бела Хадид, Адријана Лима, Кендис Сванепоел и преостанатите ангели позираа во секси комбинации и флертуваа со фото објективите.