Вага – годишен хороскоп за 2018

Оваа година конечно грижата кон самите себе ќе биде поголема и ќе заборавите на слугувањето на другите луѓе. Ќе започнете да ги отфрлате барањата на „пријателите“кои постојано бараат нешто од вас. Низ целата година ќе работите на својот личен живот и ќе уживате правејќи го тоа.

Љубов

Работејќи на својот личен живот, ќе работите и на вашиот љубовен живот. Јасно ќе го истакнете вашиот став во врската и ќе продолжите понатаму со партнерот со јасно поставени планови. Не бидете импулсивни кога станува збор за љубовните одлуки. Имајте на ум дека прекинувањето на некои врски може да ја отвори среќата и да ви донесат посветли љубовни денови.

Работа и пари

Оваа година носи позитивни промени во вашата кариера. Промените ќе донесат нови одговорности и повисоки позиции на вашите рамена. Ќе бидете полни со енергија за новите можности, ќе ги прифатите и ќе бидете подготвени за светлата иднина која ви се насмевнува. Она што е интересно е фактот што може да ви се наполнат џебовите со пари од хобито кое долго време го развивате и од кое планирате да заработите. Доколку правилно менаџирате со вашиот буџет во текот на 2018-та нема да имате никаков финансиски проблем во текот на целата година.

Здравје

Ќе имате извонредно ниво на енергија и максимално ќе ја трошите. Особено првиот квартал од годината ќе бидете на сите страни, полни со позитивна енергија и без никакви здравствени проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби