Нешта кои ќе ги доживеете со преселбата кај вашиот партнер

Изненадувачки е како лета времето кога сте во близина на вашиот партнер. Уште подинамично е кога работите стануваат сериозни меѓу вас. Со минувањето на времето се повеќе се ближи и моментот кога тој ќе побара од вас да се преселите кај него и да започнете заеднички живот.



Иако на почеток тоа звучи како да се бара жртвување од ваша страна, сепак одлуката да живеете со вашиот партнер ќе ви биде најдобрата донесена одлука, од која може да извлечете само позитивни нешта, па дури и ако сфатите дека не сте биле еден за друг.

Ќе ги дознаете сите оние работи кои не сте ги знаеле за вашиот партнер

Времето кое сте го поминале со вашиот партнер не може да се спореди со живеење во заедница со него. Едноставно и да сакате нема да бидете во можност да избегнете одредени моменти. Од друга страна пак ќе дознаете каков е тој при одредени ситуации како налет на бес, тага и среќа, а нема да бидете поштедени и од тоа да дознаете какви средства за хигиена користи.



Готвењето ќе ви биде многу позабавно

Доколку досега готвевте сами, навикнете се тоа од сега да го правите на многу позабавен начин. Вашиот партнер нема да остане воздржан за време на приготвувањето на неговите омилени јадења.  Иако првите обиди за готвење можеби за некому ќе бидат лошо искуство, сето тоа ќе биде надминато со поддршката и помошта од вашиот партнер. А, доколку на едниот не му оди готвењето може да одлучите негова обврска да биде некоја друга активност како перењето на садови.

Ќе бидете во можност активно да водите љубов без страв од изминатото време

Сигурно и вие сте од оние кои внимаваат на времето кое минува, а со него доаѓа и она кога вашиот партнер треба да си замине од вашиот дом. Епа, тоа ќе биде зад вас доколку се одлучите за преселба кај вашиот партнер. Времето ќе ви биде ставено на располагање и ќе можете да водите љубов, долги и неуморни разговори или едноставно да уживате во тишината еден покрај друг без притоа да внимавате и да гледате на вашиот часовник.



Ќе имате време и кое ќе сакате да го поминете одделно

Живеењето во заедница не значи дека треба да бидете 24/7 покрај вашиот партнер. Ќе има и време коа ќе сакате да го поминувате со вашите другари или пак да поминете на одредена забава без него и тоа се е во ред. Тоа не значи дека кон партнерот не чувствувате љубов повеќе туку дека сакате и одредено време за себеси.

Ќе ви недостига во моментите кога нема да е покрај вас

Иако ќе бидете заедно, дури и еден час поминат без него ќе биде доволен за да се појави носталгичното чувство во вас. Дури и да знаете каде е тој во моментот нема да можете да заспиете без да го слушнете неговото присуство во вашиот нов дом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби