Знаци кои покажуваат дека децата растат со емотивно недостапен татко

Лесно може да се препознае злоупотреба на дете кога таа е видлива и насилна, но што кога едно детето расте со родител кој не манифестира емоции, не чувствува одговорност спрема своето дете и не го интересираат неговите интереси?

Еве дел од знаците кои укажуваат дека таткото е емоционално недостапен или пак пасивно агресивен.



Не можете да ги „прочитате“ неговите чувства

Никогаш не може да се прочита што мисли или што чувствува. Тој живее во свој сопствен свет во кој нема место за дете, а не очекувајте да направи место и кога ќе стане повозрасно. Можеби, вашите деца не се сеќаваат кога последен пат му се обратиле за нешто, но и кога го направиле тоа почувствувале дека помеѓу него и нив постои невидлив ѕид кој го прави недостапен. Иако, повеќето време го гледате депресивен и тажен, поболно за вас било тоа што уште почесто тој изгледа далечен и незаинтересиран.

Не изразува задоволство за успесите на своите деца

Да, нормално е да се очекува родителите да бидат среќни за достигнувањата на своите деца. Емоционално недостапните татковци скоро никогаш не покажуваат емоции кон своите деца притоа да им укажат дека се горди на нив. Исто така неопходна е и потребата за  заштитата која детето треба да ја почувствува и која ќе го подигне за време на секој направен погрешен чекор.
Емотивно неодостапниот татко секогаш ќе биде недостапен кон потребата сопственото дете да се потпре кон него и да му ги каже своите проблеми.



Не може да почувствува што вие чувствувате

Сите емотивно недостапни татковци не се ладни кога станува збор за искажување на сопствените емоции. Сепак, за нив недостижни се чувството на емпатија и емоционалната рецептивност. Тие може да направат децата да се чувствуваат виновно поради тоа што не се блиски со нив и покрај тоа што се вклучени во нивните активности.  Блискоста зависи од вистинската близина и развивањето на здравиот однос татко-дете, а не од перманентно негово вклучување во одредени активности на детето.

Чувство на притисок и надзор

Најчесто децата кои имаат вакви проблеми со нивниот татко чувствуваат огромен притисок за истакнување како би изгледале подобро во очите на нивниот родител. Тие често се во дилема дали го направиле правилниот чекор или требале да постапат поинаку. Со цел да го задржат својот татко до нив тие често превземаат екстра чекори за тој да е горд на нив, но разочарувањето доаѓа по доживеаниот успех односно кога ќе видат дека нивното достигнување е вредно, но не е вреднувано од страна на нивниот сакан родител.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби