Долга врска: Добра идеја или само губење време?

Многу долги врски завршиле со брак, додека други се распаднале, а како последица на тоа се потрошиле многу години вложување во нешто што пропаднало.



Сè ова води кон едно важно прашање, ако врската со својот партнер ја гледате во следната фаза која е причината за вашето чекање? Дали долгата врска ќе промени нешто меѓу вас или ќе биде само губење на вашето време?

Неодамнешна студија спроведена во Вашингтон покажала дека денешните генерации се едни од најобразованите.

После долгиот период вложен во едукација јасно е дека сакаме со наученото да направиме нешто, а тоа да биде пред да запловиме во брачните води и да добиеме деца.

Токму поради вложениот труд и време во нашето образование избираме кариера наспроти мирен семеен живот за кој сметаме дека има време и го оставаме за подоцна.



Денес многу парови кои се во сериозни врски живеат заедно и пред венчавање, па нивниот живот по ништо не се разликува од оние кои се во брак. Единствената работа која паровите ги тера да склучат брак е традиционалното верување дека децата доаѓаат на ред по склучување на бракот.

Можеби сега не гледате ништо лошо во тоа да имате долга врска, посебно ако сте сигурни  дека вашиот партнер еден ден ќе стане ваш сопруг, но како можете да бидете сигурни дека и тој го посакува истото?

За да ги отргнете сомневањата најдобро е да зборувате со  партнерот, дури и ако не сте сигурни дали сакате брак набрзо.

Освен што е паметно редовно да дискутирате на оваа тема и да го контролирате патот кон кој се движи вашата врска, стручњаците советуваат да избегнувате носење на големи заеднички одлуки како отворање на заедничка штедна книшка или купување на заеднички недвижности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби