Неколку видови на пријателства кои не ви требаат во вашиот живот

Како мали сите сме имале голем круг на пријателства од кои не сме сакале да се одделиме, но со тргнувањето во средно училиште, па и на факултет вашиот круг на пријатели се повеќе се стеснува и доаѓате до една од најважните одлуки во вашиот живот. Потребни ви се вистински, но не и куп пријатели.

Пријателства кои опстојуваат само во моменти кога пријателот има потреба од вас

Сигурно сте се нашле во ваков вид на пријателство кога сте се почувствувале бескорисно и осамено, а вашиот пријател немал ни минута време да ги сослуша вашите проблеми. Но, тоа трае додека тој не западне во неволја, а потоа вашиот телефон ѕвони постојано. Едностраните „пријателства“ се оние од кои најпрво ќе треба да се ослободите.

Пријателот постојано ѕвони за да се видите, но секој пат на самиот крај откажува

Вашето време е вредно. Тоа нема никој да ви го врати, а залудно поминатото време е доказ дека пријателот и нема баш почит кон вас. Ако времето кое сте го поминале чекајќи и подготувајќи се за средбата го промените во пари, би биле прилично богати. Постојат прилично интересни и корисни начини како да го поминете место чекање и тапкање во место. А, тоа е многу добра причина за нареден пат уште при повикот да ја откажете средбата со него.

Пријател кој постојано ве критикува

Овде не спаѓаат оние добронамерни совети кои пријателот ви ги упатува за да се подобрите пред останатите. Но, доколку пријателот постојано почне да ве критикува, па дури и пред голем круг на луѓе, само потсетете го дека негова функција е да ве разбере и поддржи, но не и да ве повреди на тој начин. Всушност, правиот пријател пред сите ќе ве поддржи колку и да не сте во право, а на само ќе ви укаже на грешките, зарем не!?

Пријатели кои се натпреваруваат со вас

Пријател кој нон-стоп се натпреварува кој има поубав изглед, поубава фризура или поубав аутфит за излегување.. Овој тип на пријатели најмалата ситница знаат да  ја направат да изгледа како дел од олимписките игри, а тоа чувство и баш не е пријатно за здраво пријателство.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби