4 тајни кои треба да ги држиме само за себе

Некои работи е подобро да ги премолчите отколку да ги кажете некому, затоа треба да внимавате кому и кога му кажувате бидејќи може да повредите некого или пак со знаењето на тајната тој да ве повреди вас.

Ова се 4 ситуации во кои не смеете тајните да ги кажете на друг и подобро е истите да ги задржите за себе.

Кога неговиот пријател ви е привлечен



Секако дека оваа ситуација може да се случи секому. Нема ништо погрешно во тоа да ви е привлечен друг човек, па дури и тоа да е најдобриот пријател на вашиот партнер, но со кажување на оваа тајна на глас  може да му ги повредите чувствата и да ја доведете неговата самодоверба на минимум, а вашата врска во опасност. Никој во врската не сака да почувствува дека не е посебен и дека е заменлив.

Што се правите во бањата



Со откривање на оваа тајна ризикувате детали од интимата да бидат на послужавник на останатите. Верувајте дека најмалку посакувате по прекинување на пријателство или врска да ви бидат откриени вашите тајни и ритуали кои ги правите за разубавување, но и дали користите и како тампони и други препарати за интима.

Што сè зборувате пред другарките за вашиот партнер



Нема кој нема караници во врската, но во момент на бес освен преносот во живо на караницата со вашиот партнер на другарките, може да кажете и доста лоши работи за него кои не ги мислите, а ги кажувате за да излезете во право. Сигурно знаете дека еден погрешен потег е потребен за довербата во врската да ја снема, а многу е потребно за да се врати назад. Никој не би сакал да слушне лоши работи за себе или пак работи кои ни родената мајка не ги знае, а ги доверил на својот партнер.

Лозинки и шифри кои треба да ги знаете само вие



Дури и ако сте започнале заеднички живот со вашиот партнер не треба да се потпрете целосно на него и довербата. Предупредувањата од банките дека шифрата од вашата картичка треба да ја знаете само лично вие и доколку се сомневате дека друг ја дознал на некој начин веднаш треба да ја промените не се залудни. Може да дојде до дополнителни компликации кои нема да бидете во можност да ги решите, а може да ги контролирате со молк за вашите битни лозинки и шифри, па дури тоа да е и лозинка од социјалните мрежи кои ги користите.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби