Разговори кои не смеете да ги водите преку пораки

Колку да се чини дека е полесно да се води разговорот преку пораки наместо во четири очи, сепак има разговори кои би можеле да бидат погрешно разбрани или би завршиле неприкладно доколку се водат преку тој начин на комуникација.

Постојат неколку ситуации во кои мора да внимавате на начинот на кој ги соопштувате вестите.





Раскинување на врска

Без разлика дали сте поминале долго или кратко време во врската, вашиот поранешен партнер не заслужува раскинување преку пораки. Доколку сте решени да го сторите тоа, најдобар начин е да му кажете лице во лице внимавајќи на тонот и неговите чувства. Доколку тоа не е опција, можете да го направите истото преку телефонски разговор, но НИ ПОД РАЗНО преку пораки.

Кавга

Понекогаш бесот владее со нас и во тие моменти доволни се мали нешта за да започнете кавга со некого.  Кавгата преку пораки е најлошото нешто кое може да го направите, а подобар начин да го решите вашиот проблем би бил соочување со него и соопштување на другиот во четири очи. На тој начин ќе бидете во можност да видите како тој реагира во тие мигови и навистина кои се неговите ставови за тоа. Во пораките може да напишете многу нешта кои всушност реално не ги мислите и со тоа да ги повредите своите и чувствата на оној кој се наоѓа на другата страна.



Пренесување на добри или лоши вести

Пренесувањето на лошите вести е доста посложена работа од пренесувањето на добрите вести. Иако може да ви се причини во еден момент дека ќе се ослободите од нив со пишување на порака, сепак во тие моменти треба повеќе да се внимава на оној кој ги прима тие вести.
Во тие мигови потребно е другата страна да ги забележи вашите чувства и да почувствува дека има поддршка од останатите.

Озборување

Озборувањето е доста актуелно низ социјалните мрежи, но подобро е да престанете да го практикувате. Некогаш не сте свесни дека потребно е малку за да западнете во непријатна ситуација од која сте можеле да се спасите. Без оглед на тоа дали сте мислеле лошо или не за озборуваната личност, никогаш во нејзините очи нема да бидете гледани како и претходно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби