КИНЕСКА АСТРОЛОГИЈА

Што ве очекува во годината на Кучето?

Годината на Кучето ќе биде интересна и продуктивна година, во која нè очекуваат многу новитети во технологијата.

Претстојниот период ќе биде мошне возбудлив, а воедно и мошне исцрпувачки. Што ќе му донесе на вашиот знак, во зависност од годината во која што сте родени, прочитајте во прилог.

Стаорец
Родени: 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008.

Иако имате впечаток дека нештата нема да одат онака како што сте замислиле, оваа година ќе ви биде благонаклонета. Доколку ги погледнете работите онакви какви што навистина се ќе сфатите дека нема простор за паника. Оние кои се во долга врска, конечно може да се понадеваат на нешто посериозно, додека оние кои сè уште не ја запознале вистинската личност, овој пат имаат сериозна шанса да го добијат она што го посакуваат. Годината на Кучето не е најдоброто време за неразумно трошење и влегување во долгови.

Вол
Родени: 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009.

Ова несомнено ќе биде далеку подобра година од претходната, во која ќе бидете порелаксирани од претходно и подготвени за нови предизвици. Фокусот е ставен на вашето психофизичко здравје, па може да се најдете во ситуации кои посветувате повеќе време на одмор и за грижа за своето тело. Што се однесува до финансиите не се препорачуваат поголеми вложувања.

Тигар
Родени: 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010.

Подготвени за нови нешта? Годината на Кучето ќе ви донесе многу изненадувања, а воедно и големи предизвици. Ако сè уште не сте во врска, држете ги очите добро отворени бидејќи може да на налетате на некој навистина интересен. Најдобрите промени се очекуваат на полето на кариерата и парите. Ова ќе биде мошне среќна година во однос на финансиите, но и во игрите на среќа.

Зајак
Родени: 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011.

Со години наназад бевте желни за промена, а годината на Кучето ќе ви го донесе токму тоа. Кога станува збор за работата потрудете се да бидете внимателни и трпеливи, сè доаѓа во вистинско време. Можно е да бидете унапредени или да добиете зголемување на платата. На љубовно поле нештата се хармонични. Ако не сте во врска имате добри шанси да започнете врска со личност што потполно ќе ви одговара.

Змеј
Родени: 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012.

Конечно година во која ќе можете да ја покажете својата оригиналност и да ги спроведете своите планови на дело. Финансиските проблеми и грижи остануваат во годината зад вас, па можете да очекувате дека во претстојниот период успешно ќе ги закрпите дупките во буџетот. Во приватниот живот сте склони кон флерт и без проблем ги привлекувате луѓето кон себе.

Змија
Родени: 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013.

Годината на Кучето ќе ви ги разбуди страстите на секое поле. Може одново да се пронајдете себе си, да започнете да учите нешто ново или пак едноставно да аплицирате за нова работа. Иако имате тенденција постојано да се грижите за другите луѓе, овој пат треба да го свртите вниманието кон себе и кон своите потреби. Кон крајот на годината имате шанси да добите брачна понуда или пак да влезете во врска што уште на почетокот многу ветува.

Коњ
Родени: 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014.

Бројните изненадувања на деловен план ќе ве натераат брзо да се прилагодувате на новите ситуации и да се справите со секоја препрека што годинава ќе се најде пред вас. Ако сте во брак и планирате да го проширите своето семејство, периодот е како создаден за тоа. Слободните припадници на знакот, можеби нема да најдат љубовта на својот живот, ама барем добро ќе се забавуваат со пријателите.

Коза
Родени: 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015.

Годинава сè e во знакот на емоциите. Доколку сте во брак следат многу страстни мигови, а доколку немате партнер истиот најверојатно ќе го сретнете на патување во странство. Женските припадници на знакот може да очекуваат значителен прогрес во кариерата. Со новата позиција ќе дојдат и нови одговорности. Внимавајте колку и на што ги трошите своите пари.

Мајмун
Родени: 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016.

Имате големи планови? За ги остварите ќе треба добро да се потрудите, затоа што годинава ништо нема да добиете без напор. Сепак, не грижете се и без паника бидејќи сите проблеми ќе се решат до крајот на годината. Во љубовта сте неодоливи, па можни се бројни љубовни авантури. Веќе имате некој на пик? Имате добри шанси да го/ја освоите.

Петел
Родени: 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017.

Годината на Кучето не е добра година за донесување на брзи и нагли одлуки на било кое животно поле, иако во некои ситуации луѓето околу вас ќе ве наведуваат на тоа. Несомнено е дека ќе треба да се прилагодувате на некои нови ситуации, кои иако нема да ви се допаднат ќе бидат корисна лекција. Ви се препорачува повеќе да се грижите за здравјето и редовно да одите на прегледи доколку е потребно.

Куче
Родени: 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018.

Во вашата година изгледа дека сè ви оди во прилог. Но, не лажете се дека нема да имате непредвидени ситуации во кои до израз ќе дојде вашиот талент за преговарање. Запомнете дека и во моментите кои изгледаат прилично тешки, можете да најдете дипломатско решение. Во љубовта сè оди како подмачкано, без поголеми промени.

Свиња
Родени: 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007

Во годината на Кучето треба да научите како да бидете потолерантни. Не се препорачува промена на работното место, ниту пак проширување на приватниот бизнис доколку го имате. Обидете се да ги избегнувате стресните ситуации и што повеќе да се релаксирате. На љубовно поле, препуштете им се на страстите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби