Причини поради кои врската помеѓу мајката и синот е многу важна

Многу луѓе веруваат дека врската помеѓу синовите и мајките не треба да биде премногу блиска, поради помислата дека доколку мајката изгради многу блиска врска со својот син тоа ќе го спречи правилното развивање на неговата личност. Нема да биде доволно јак, ќе биде зависен од своите родители и нема да може сам и самостојно да ги извршува работите понатаму во животот. Иако многумина веруваат во ова, сепак тоа не е вистина.

Делејќи го детето од својата мајка сè со цел да прерасне во „прав маж“ е многу погрешен метод кој го применува речиси секое семејство.

Прочитајте неколку причини поради кои е  здраво да се одржува врската мајка-син и во раните години на детето и подоцна кога ќе биде возрасен маж.

1. Блискиот однос на мајката и синот е здрав начин на функционирање се со цел да се одбегнат проблемите кај мажот подоцна во животот. Ако односот со мајката е ладен, кога тој ќе стане возрасен човек неговото однесување може да биде непријателско и деструктивно, тврдат многу истражувања направени на оваа тема.

Блискоста меѓу мајката и синот го спречува прекумерниот бес кај машкото дете и за разлика од претходниот пример, овие луѓе имаат поголема толерантност, не се многу избувливи и не влегуваат лесно во проблематични ситуации.

2. Мајките многу често ја негуваат емоционалната интелигенција кај своите синови, па не напразно синовите кои имаат близок однос со нив се многу добри и одлични ученици на училиште. Овие момчиња имаат развиена артикулација, можат да започнат порано да читаат, пишуваат и разбираат,  во споредба со оние кои немаат близок однос со нивната мајка.

3. Блискиот однос помеѓу мајката и синот е добар  за менталното здравје на едно момче. Студија направена од Американската психолошка асоцијација покажува дека поради блискиот однос момчето не секогаш има потреба да ја докаже својата машкост пред другите, има подобро изградени пријателства и помалку анксиозност и депресија во споредба со неговите мачо врсници.

4. Мајките кои ги држат своите синови блиску до нив ги подготвуваат за успех во иднина како на емотивно, така и на професионално поле. Со оглед на тоа што синовите се огледуваат во успехот на мајката, со нивната блискост развиваат и добри комуникациски вештини кои подоцна ќе им значат мало богатство како емотивно така и професионално.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби