Совети за почетници во кревање на големи тежини

Сите почетници во вежбањето почнуваат со помали тежини и постепено ги зголемуваат, но многумина имаат страв од вежбање со посериозни тежини, што од незнаење, што од страв.

Во зависност од целта (зголемување на мускулна маса, слабеење и сл.), кревањето на големи тежини некогаш е неопходно за напредокот, а еве неколку совети како тоа да го постигнете:

1) Фокусирајте се на формата

Најважно од сè пред да ја зголемите тежината на теговите кои ги кревате е да обрнете внимание на формата, бидејќи во спротивно може да дојде и до сериозни повреди. На пример, доколку при клекнувањата (squat) не го подигате товарот почнувајќи со петиците, грбот не ви е исправен, а колената и градите не ви се напред, може да почувствувате болки во грбот. Ова се однесува на секоја вежба – прво усовршете ја формата пред да додадете било колкава тежина.

2) Користете различни шеми за повторувањата

Различни шеми на повторувања даваат различни резултати. Кога започнувате со вежбање, важно е да се создаде мускулната издржливост, а како напредувате, шемите за повторувањата и сериите потребно е да се менуваат, а тоа е најдобро да се постигне доколку се започне со правење на повеќе сетови со помали тежини, на пример 4 сета со 12 или 16 повторувања. Доколку сакате да ја зголемите мускулната маса, правете 3 до 4 сета со 5-6 повторувања на големи тежини.

3) Имајте партнер

Доколку имате пријател/ка, особено доколку се поискусни во вежбањето од вас, би било одлично тие да ви се партнер при вежбањето. Така, ќе бидете многу поспособни и посигурни кога ќе се решите да ги зголемувате тежините кои што ги кревате, знаејќи дека некој (буквално) ви го „чува грбот“ и може да ви помогне доколку немате сила да кренете одредена тежина до крај.

4) Тренирајте по план

Одредени денови од неделата вежбајте одредени мускулни групи, а било каков да ви е распоредот, осигурајте да поминат најмалку 48 часа од тренирање на одредена група пред повторно да ја вежбате, бидејќи на мускулите им е потребно време да се опорават. Запомнете дека опоравувањето е подеднакво важно колку и вежбањето и бројот на повторувања.

5) Внимавајте на исхраната

Сите сме го чуле изразот „плочките на стомакот се прават во кујна“, што е вистина. Истото важи и за мускулите. Тие ќе растат само доколку работата која ја правите во теретана е поткрепена со правилна исхрана. Внимавајте да внесувате правилна комбинација од доволно протеини и јаглехидрати и масти – особено ако сакате да ја зголемите мускулната маса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби