Русата боја на коса не прилега на секого, па затоа треба да бидете многу внимателни со неа.
Она што треба да го знаете е дека доколку ја имате обоено во темна боја, прво нешто кое треба да го направите е да ја осветлите, па да пробате со русите нијанси.
За оние кои се решени да станат дел од клубот на русокосите, постои трик кој ќе им помогне да ја одберат нијансата која најмногу ќе им прилега.
Всушност станува збор за топли и ладни нијанси кои се определуваат според бојата на вашите очи и кожа.
За да го направите овој тест ќе биде потребно вашето лице да биде потполно исчистено од шминка. Застанете пред огледало, но на место каде има добро дневно светло.
Земете ткаенина во сребрена и златна боја и наизменично доближете ги до вашето лице.
Доколку подобро изгледате со сребрениот сјај одберете руса боја во студена нијанса, а ако повеќе ви прилега златниот одлучете се за руса боја во некоја од топлите нијанси. Трикот не треба да го применувате со фолија во златна или сребрена боја бидејќи создава лажна двојна светлина.