Како да победите во кавга со секој хороскопски знак?

Секој хороскопски знак се расправа на свој начин, но со помош на неколку трикови можете од секоја кавга да излезете како победник.

Овен
Припадниците на овој хороскопски знак секогаш се обидуваат со викање да направат да се откажете од кавгата и да прифатите дека тие се победници. Сметаат дека се најпаметни, па мислењето на другите воопшто не им е важно. Обидете се да ги уверите дека сами дошле до заклучок дека не се во право и кавгата е добиена.

Бик
Биковите се тврдоглави и непопустливи. Нив треба да ги изиграте пред да ја донесат одлуката и да ги убедите дека вашите планови се повеќе исплатливи од нивните. Кога еден бик ќе донесе одлука, не ја повлекува истата.

Близнаци
Најпревртливиот знак во хороскопот е близнакот. Тој ќе се согласи со сите ваши идеи или барем ќе ве убеди во тоа. Обожаваат популарност, па доколку сметаат дека нечија идеја е поприфатлива за останатите од вашата, знаат да ја имплементираат во последен момент.

Рак
Со нив е најтешко да победите во конфликтна ситуација. Најчесто, ги избегнуваат колку што можат, но кога ќе допре ситуацијата до нив ќе се оддалечат од вас толку многу што ќе помислите дека никогаш не сте биле блиски со нив. Единствено што може да го направите во врска со тоа е да им дадете време да се смират и да ги изнесат своите аргументи. Доколку еднаш се оддалечат вашите односи никогаш повторно нема да бидат исти.

Лав
Ласкајте му. Лавовите обожаваат кога се во центарот на вниманието и доколку се обидете да им објасните дека и најинтелигентните личности некогаш прават грешки ќе направите сами да ја признаат својата грешка.

Девица
Доколку цврсто докажете дека сте во право, припадниците на овој хороскопски знак ќе престанат да се караат. Тие никогаш не се караат без потреба и знаат да признаат кога друг е во право.

Вага
Вагите често знаат да се расправаат дури и кога знаат дека не се во право. Доколку се обвините себеси за нивната вина, ќе направите да се покаат за тоа и сакајќи да одржат рамнотежа меѓу вас ќе ви кажат каде вие сте згрешиле, а каде тие.

Скорпија
Скорпиите не сакаат валкани игри и полувистини, ако се карате со нив на тој начин ќе изгубите. Сакаат поддржани аргументи, а ќе остават да победите во расправија само доколку се расправате со нив на коректен начин.

Стрелец
Секоја кавга е нов почеток за стрелецот да научи нешто. Ако расправијата е со исто решение до кое сте дошле со различен пристап никогаш нема да ве пуштат да победите, но доколку вашето е попаметно од неговото ќе се стекнете со целосна почит од негова страна.

Јарец
Нема енергија за трошење на кавги за неважни работи, а доколку навлезе во конфликт со вас подобро да имате смислено јаки аргументи за одбрана. Ако не успеете да го убедите првите десет минути, ќе почне да ве смета за несериозни и нема да го земе во обѕир вашето мислење.

Водолија
Пред да започнете кавга со нив бидете сигурни дека ја разбирате нивната страна на приказната. Играта на емоции не е значајна за нив поради тоа што сакаат решение кое ќе одговара на поголемиот број на застапени во кавгата. Водолијата мрази себичност.

Риби
Фер играта е најважна за нив. Дури море солзи да создадете дури и да сте во право доколку тоа се обидете да го докажете на нефер начин, тие ќе сметаат дека не сте во право. Се водат според правилото „начинот преку кој ја докажувате вашата правичност за нив ја докажува вашата правичност“ па обидете се да бидете потполно смирени и коректни. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби