4 нови трендови за вашиот пролетен маникир

Погледнете му на човекот во ноктите и ќе дознаете се за неговата уредност. Покрај уредноста на која без изговори треба да внимавате, доста важна е и бојата со која ќе изберете да ги разубавите вашите нокти.

На ревиите за пролет/лето 2018 освен облеката и обувките кои ќе доминираат оваа година можевме да погледнеме и кои бои на нокти ќе бидат актуелни.

Металик нокти



Металик бојата е доста актуелна и во моментов, но нејзината популарност ќе продолжи и во пресрет на сезоната која претстои. На неделата посветена на мода во Њујорк како најактуелна од сите беше прикажана смарагдно зелената металик боја, а инспирацијата била пронајдена во будењето на природата.

Беж нокти



Неутралните бои се секогаш најбарани во однос на оние кои се истакнуваат.  Беж бојата е една кои ќе бидат во тренд годинава, а која ќе направи вашите нокти да изгледаат убаво, природно и дискретно.

Црни нокти



Освен што црната боја одговара на секоја боја која ќе се најде на вас, таа се смета и како неконвенционална во однос на белата, беж и останатите неутрални бои. Време е за самодовербата да ја подигнете на наредно ниво, а токму оваа боја ќе ви помогне во тоа. Освен тоа црната се препорачува и за оние жени кои немаат доволно време за често средување на ноктите. Се препорачува да се носи со сребрен накит како прстени и нараквици кои дополнително ќе ја истакнат.

Проѕирен лак со светки



Модната куќа Elie Saab тврди дека со овој маникир ќе може да уживате во опуштена атмосфера, но ќе можете да го носите и на свечени прилики. Она на што треба да внимавате е разликата помеѓу проѕирниот лак со светки, кои треба да бидат на растојание една од друга за разлика од трендот кој до сега беше во мода каде светките беа збиени една до друга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби