Меланија Трамп и Брижит Макрон важат за жени со стил, но кога станува збор за модната битка во бело, Меланија е еден чекор понапред.
Првите дами на САД и Франција ги придружуваа своите мажи во дворот на Белата куќа за време на церемонијата во чест на доаѓањето на Брижит и Емануел Макрон.
Иако и двете за оваа прилика избраа бело, Мајкл Корс костумот на Меланија во комбинација сините високи потпетици и шешир, едноставно изгледаше далеку поинтересно од она што избра да го носи Брижит.