Студија покажа дека имаме „очи на тилот“

Изразот да се има „очи на тилот“ значи „да се има увид на случувањата околу нас“.

Сега една јапонска студија наречена „ Просторни претстави на околината на гледачот" покажала дека ова е многу повеќе од поговорка.

Според истражувачите, просторната претстава околу гледачот надвор од неговото видно поле е клучна за движење во тродимензионалниот свет. За да се добие таква претстава, постои процес на учење кој ги интегрира визуелните информации од различни гледни точки, покривајќи ги сите 360° визуелни агли.

За потребите на студијата, бил направен експеримент каде две групи набљудувачи стоеле во центар помеѓу 6 дисплеи. На секој дисплеј истовремено се појавувале букви, а од набљудувачите било побарано да ја пронајдат целта т.е одредена буква. Целната буква како и одвлекување на вниманието на разни начини биле дистрибуирани на 6-те дисплеи по случаен избор.

Снимено било времето на реакцијата, а откако биле експонирани на истиот просторен распоред, набљудувачите биле способни да ја лоцираат целната буква побрзо, дури и кога таа се наоѓала зад нив.

Ова покажува дека визуелното процесирање не е ограничено на визуелното т.е видно поле.

Резултатите од студијата индицираат дека нашите мозоци се способни за креирање претстави од нашето опкружување кои ги користиме да „гледаме назад“ без да ја вртиме главата. Преку сетилото за вид сме свесни само за она што се наоѓа пред нас, но мозокот конструира свет во 360°.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во берберница и прашува:
- Што бара ова кучево овде?
- Уво чека! - одговорил берберот.

* * *
Рамче и жена му сакале да пренесат твор преку граница, иако бил...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на авиоконтролорите
1632.- Роден е англискиот архитект Кристофер...
1728.- Пожар уништи поголем дел од Копенхаген.
1784.- Роден е англискиот државник Хенри Џон...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби