Давање музички лекции на децата има огромни предности

Музичките лекции нема децата да ги внесат само во светот на ритамот и мелодијата, туку би можеле и значително да им ги подобрат нивните јазични вештини.

Додека бројни студии покажале дека учење да се свири некој инструмент влијае на работи како способноста за зборење на друг јазик, досега не било баш разбрано дали тоа било ефект на генералното подобрување на когнитивни вештини, или нешто што директно влијае на процесирањето на јазиците.



Сега се приближуваме до одговорот, благодарение на студија врз 74 кинески деца од градинка, водена од неврологот Роберт Десимон од MIT.

За потребите на студијата, неговиот тим истражувачи регрутирале деца од кинескиот образовен систем за да видат како учењето да се свири некој инструмент би можело да ги подобри нивните академски резултати.

Четири до пет годишните деца кои зборувале мандарински биле по случаен избор поделени на 3 групи. Едната имала 45-минутни лекции по пијано 3 пати неделно, додека другата имала дополнителни часови со инструкции за читање. Третата група не присуствувала на никакви дополнителни часови и функционирала како контролна група.

Часовите траеле 6 месеци, по што децата биле тестирани за нивната способност да дискриминираат зборови базирана на разликата во тонот, согласките или самогласките. Во мандаринскиот, многу зборови се разликуваат во зависност од нивниот тон, бидејќи различни тонови на ист збор даваат различни негови значења.

Резултатите од тестовите покажале дека децата кои имале лекции по пијано имале значително поголем успех во дискриминирањето на зборовите кои се разликувале од една согласка, во споредба со децата кои имале лекции по читање. И двете групи, пак имале подобри резултати во однос на контролната група.

За да дознаат зошто овие разлики се појавуваат, истражувачите ја измериле мозочната активност на децата со електроенцефалографија (EEG) и откриле дека групата која учела пијано покажало поголема чувствителност на тоналните промени кога тоновите биле свирени при различни висини на тоналитет.

Поради тоа, тие сметаат дека музичките лекции помогнале при развивањето на тоналната чувствителност, што делумно ја објаснува подобрата дискриминација на вербалните зборови.

Резултатите, пак, на коефициентот на интелигенција, вниманието и работната меморија помеѓу 3-те групи деца не биле променети, што значи дека подобрувањето од музичките лекции не е генерално когнитивно подобрување, туку нешто специфично за јазикот.

Сето ова покажало дека музичката едукација им помогнала да имаат подобри резултати во јазичните тестови – дури и во споредба со оние кои земале часови за читање – што е нешто на кое наставниците треба да обрнат повеќе внимание, бидејќи можеби би било покорисно на децата да им се даваат дополнителни часови за музика, отколку за читање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби