Луѓето попрво би спасиле мачка отколку криминалец

Студија која вклучувала милиони луѓе кои биле прашани кого би спасиле во класичниот „трамвај проблем“ покажала интересни резултати – во кои најдебелиот крај го извлекле кучињата.



Направена од MIT, во неа биле вклучени доброволци на кои им биле презентирани различни сценарија за овој експеримент со морална дилема, при што биле добиени податоци од над 40 милиони луѓе од 233 земји и територии во период од над 4 години.

Во традиционалното „трамвај проблем“ сценарио, се работи за расипан трамвај кој се движи по шини и кој доколку продолжи право (без интервенција на тест субјектот) ќе прегази 5 луѓе, но доколку субјектот ја повлече рачката за пренасочување, тие 5 ќе преживеат, но ќе загине само 1 кој се наоѓа на втората шина.

Во новиот експеримент наречен „морална машина“, истражувачите го направиле ова сценарио покомплексно. Наместо трамвај, објектот во движење бил автономен автомобил, а сценаријата вклучувале избор дали автомобилот со фамилија во него треба нагло да заврти за да спаси живот на куче, мачка, или криминалец (меѓу другите)

Резултатите покажале дека партиципантите претпочитале да ги спасат луѓето повеќе отколку животните, а најмалку биле спасувани кучињата, па криминалците, па мачките. Младите луѓе претежно биле почесто спасувани од постарите, а постоеле неколку клучни разлики помеѓу изборот кој го правеле партиципантите од разни земји, најверојатно поради културолошките разлики.

Источните земји како исламските или азиски нации почесто спасувале постари луѓе, додека пак јужните држави во централна и јужна Америка почесто спасувале кучиња и мачки наместо луѓе.



Во најголем дел, биле спасувани групи луѓе наместо индивидуалци, но исто и богати наместо сиромашни луѓе, жени повеќе од мажи и слаби повеќе од дебели.

Целта на студијата била да се истакнат етичките проблеми со кои би се соочувале автономните автомобили во иднината, кои ќе треба понекогаш самите да ги носат ваквите одлуки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби