Колкава е ефикасноста на степерот и лентата за трчање?

За секој кој се занимава со било каква физичка активност, кардио вежбите треба да се дел од програмата за вежбање, бидејќи не само што помагаат во согорувањето на маснотии и слабеењето, туку ја подобруваат и „менталната јасност“ и го спречуваат губењето на мускулите.

Мислењата околу тоа која машина за вежбање кардио е подобра – степерот или лентата за трчање – се исклучително поделени, а вистинскиот одговор не постои бидејќи секоја од нив си има свои добри и лоши страни.

1) Ефикасноста на степерот



Постојат два вида степери – оние кај кои стапалата се постојано на педалите и движењата на нив се слични како кај елиптичните машини (често нарекувани „орбитрек“) и оние кои се всушност еден вид на ротирачки скали кои корисникот треба да ги искачува и каде при секое движење стапалото се крева од подлогата.

Кај првиот вид ефикасноста ќе биде помала и ваквите степери се добри за вежби со среден интензитет. Вториот вид степери се поефикасни и согоруваат многу повеќе калории за пократко време.

2) Ефикасноста на лентата за трчање



Користењето на лентата за трчање крената на одредена косина е одлична вежба за целото тело, но треба да се внимава да не се придржувате со рацете за држачите бидејќи тоа го намалува напорот потребен да се совлада „нагорницата“, како и бројот на потрошени калории.

Бројот на согорени калории во тој случај е сличен со оние на степерот. Активностите и на двете машини даваат слични резултати: во просек, личност со тежина од околу 68кг. согорува 204 калории на закосена лента за трчање со брзина од 5.6км/ч, во споредба со 272 калории за 30-минутно “качување“ на степер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби