Мажите се плашат од паметни жени

Мажите се плашат од интелигентни жени, покажува ново психолошко истражување на Економскиот факултет во Варшава, спроведено над 500 студенти кои прифатиле да учествуваат на така наречени „брзи состаноци“.

Целта на научниците била можноста да се предвиди дали на една личност би ѝ се допаднал некој во зависност од интелигенцијата или физичките одлики. Така, тие сметаат дека сега го нашле вистинскиот начин за тоа.

Што сакаат жените?

Физичката привлечност е релативна работа и секој има свои критериуми за тоа. 3атоа, како дел од експериментот, испитаниците ги оценувале луѓето спроти себе од еден до 10. А, експериментот покажа дека жените не секогаш отфрлаат еден грд маж, ако тој покаже малку повеќе ум.

Жените сакаат да видат дали е некој паметен и нивната одлука на крајот речиси еднакво зависи од интелигенцијата колку и од физичката привлечност. Маж со интелигенција оценета со 10 од 10, на пример, но со потпросечен изглед, има 30 отсто шанси таа да го повика повторно.

Кога мажите пак, бираат жена, таа треба да биде убава, а не мора да е и паметна.

Што сакаат мажите?



Истражувањата покажаа дека жените главно не се толку пребирливи како мажите. Кога мажот ќе ѝ даде на жената оценка четири за изглед и два за ум, тој е речиси сигурен дека нема да сака да ја види повторно, што не е случај кај жените.

Сепак, доколку оценката за изгледот е повисока, тој е сѐ поподготвен да каже „Да“, независно од интелигенцијата. Тоа би значело дека мажите многу повеќе го ценат физичкиот изглед на жената отколку умот.

Така, заклучокот е дека паметните жени честопати ги плашат мажите, оти овие пак, сметаат дека во такви услови, таа спроти нив ќе има превисоки очекувања и дека тоа е лошо за машкото его.

Веројатно затоа жените понекогаш и ја подзатскриваат својата интелигенција во обид да му се допаднат на партнерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби