Честите одмори се важни за зачувување на здравјето и благостојбата

Според научните истражувања објавени во списанието „Студии за среќата“, постои совршена должина на одмор кој има максимален благотворен ефект врз здравјето и благосостојбата на луѓето.



Истражувачите од Универзитетот „Радбоуд“ во Нијмеген, Холандија, ги истражувале ефектите и влијанието на должината на одморот врз здравјето и благосостојбата на луѓето, по што истакнаа дека одморот треба да трае подолго од осум дена. Но, има интересен момент кај зачестеноста на одморите.

Во студијата учествувале 54 лица кои имале просечна возраст од 42,5 години и сите биле вработени. Ова истражување се фокусирало на подолг одмор, од 15 до 34 дена, со просек од 23 дена. Научниците ги прегледале психолошките процеси кои се поврзани со долго заминување од работа и како учесниците во експериментот се чувствувале здравствено за време и после одморот.

Учесниците пред, три или четири пати за време и пет пати после одморот, го оценувале своето здравје и благостојба, врз основа на шест фактори: здравствена состојба, умор, задоволство, расположение, напнатост и ниво на енергија.

Во експериментот е утврдено дека здравјето и благостојбата брзо се зголемуваат за време на одморот, а осмиот ден е врвот. Меѓутоа, во рок од една недела од враќањето на работа, здравјето и благосостојбата се вратиле на почетно ниво.

Авторите на студијата заклучиле дека здравјето и благостојбата биле подобрени за време на летните одмори, но овој позитивен ефект бил краткотраен. Според нив, честите одмори се важни за зачувување на здравјето и благостојбата. Заклучокот од студијата е дека должината на одморот не влијае врз здравјето и благостојбата, туку колку често се оди на одмор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби