6 начини за надминување на анксиозноста при одење во теретана

Без разлика дали за прв пат влегувате во теретана или ја менувате онаа во која долго време сте вежбале и сте „ја навикнале“, чувството на нелагодност, па дури и анксиозност при влегувањето во новото опкружување е вообичаено.

За жал, кај некои ваквото чувство може да доведе до вежбање со помал интензитет, па дури и до прекинување на тренингот.

1) Одберете музика или подкаст кој ви се допаѓа

Кај многумина слушањето на омилената музика додека вежбаат делува мотивирачки, па пожелно е на вашиот смартфон или музички плеер да имате селекција на омилена музика или пак подкасти кои ќе ви помогнат во фокусирањето за време на вежбањето (но и за игнорирање на околината, доколку тоа ве вознемирува).

2) Одете во теретана кога има помалку гужва

Полна теретана значи и подолго чекање на ред за вежбање на одредена машина или за користење на одредени тежини на тегови, а гужвата може да предизвика нервоза. Сето ова ја намалува мотивацијата, но и ефикасноста на вежбањето. Поради тоа, особено ако сте пречувствителни на ваквите услови, се препорачува теретаната да се посетува во часовите кога има најмалку гужва,

3) Прашувајте за совет

Доколку анксиозноста ви е поврзана помалку за луѓето, а повеќе за чувството што да правите кога сте во теретана, од голема помош може да биде закажувањето на неколку тренинг сесии со персонален тренер или пак зачленување во групен клас. На тој начин секогаш ќе имате кого да прашате за совет, а во зависност од видот на тренинзите ќе биде полесно да се фокусирате. На пример еден ден да вежбате кардио, друг ден со слободни тегови, трет на машини и сл.

4) Променете си ја перспективата на размислување

Нормално е кога за прв пат ќе влезете во теретана (особено ако никогаш не сте биле претходно) да си помислите дека сите гледаат во вас и ве „осудуваат“ во поглед на вашиот изглед, меѓутоа тоа не е воопшто точно. Напротив, сите до еден кои што се таму, кога започнале не изгледале така како што изгледаат сега и сите ги имале истите сомнежи кога за прв пат почнувале да вежбаат. Најчесто токму оние кои делуваат најзастрашувачки се оние кои најмногу ќе ве мотивираат и ќе ви помогнат доколку ги прашате за совет.

5) Прво разгледајте ја теретаната пред да вежбате



Разгледувањето на теретаната, нејзиниот распоред и опремата која што ја нуди ќе ве направи да се чувствувате покомфорно кога ќе влезете следниот пат.

6) Не се откажувајте

Кога започнувате да вежбате, нереално е да се очекуваат инстантни резултати. За тоа се потребни месеци, па дури и години. Најважно од сè е да го преземете првиот чекор и да влезете во теретана. Дури и да не извежбате тој ден, доволно е што сте го започнале процесот. Со конзистентност, сè ќе си дојде на свое место. Анксиозноста ќе ја снема и вежбањето ќе делува полесно секој ден, особено откога ќе почнете да се запознавате со останатите посетители, па дури можеби и да си помагате и да се мотивирате во вежбањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби