Ви благодариме што гласно го изговоривте зборот „менструација“ и придонесовте за општество без табуа

Изминативе денови сведоци бевме на жестоки полемики околу менување на зборот „менструација“ во „фемструација“, како и негова транскрипција во „женструација“ на македонски јазик поради искоренување на префиксот „мен“ („маж“) во зборот.

Но, зборот „менструација“ сепак си останува онаков каков што е, а нам ни е драго што изминатата недела жестоко полемизиравте, „гуглавте“ и заземавте свој став околу наводната промена. Токму тоа и беше целта на овој социјален експеримент кој е дел од кампањата  на најновиот женски бренд на македонскиот пазар, Fixie Period Panties.

Fixie Period Panties се гаќи со дупло дно на кое совршено се вметнуваат крилцата на влошката и истите нудат удобност, комфорт, слобода во движењето и дополнителна заштита во деновите кога имаме менструација.

Но, Fixie Period Panties е повеќе од обичен производ, тоа е бренд чијашто мисија е многу поголема и повикува отворено да зборуваме за репродуктивното здравје и да ги скршиме табуата за менструацијата во Македонија!

Зошто? Во ера каде што сè повеќе се слуша и зборува за моќта и еднаквоста на жените, сè уште постојат одредени табу теми за кои се зборува (или воопшто не се зборува) зад затворени врати. Повеќето од нас, дури и жените, не сакаат или пак се срамат да зборуваат за менструација. Жените ги кријат влошките и тампоните во ракавите додека одат накај тоалетот, шепотат кога бараат влошка на заем, ги кријат влошките помеѓу другите производи на каса во маркетот, за менструацијата дури често зборуваат и во шифри, како „оние денови“ или „дојде тетка ми“.

Поентата на проектот беше токму тоа: да се поттикне дискусија за менструацијата и да не се срамиме од нешто што е совршено нормален процес и во биолошката природа на жените.

На крајот, Fixie Period Panties ви благодари што минатата недела јавно и гласно го кажавте и напишавте зборот „менструација“, независно дали вашиот став беше „за“ или „против“.

Особена благодарност до медиумите за нивното вклучување и поддршка, како и до сите оние кои на било кој начин беа вклучени во нашиот проект.

Продолжете со иста енергија да се борите и за искоренување на табуата и отворен разговор за МЕНСТРУАЦИЈАТА.

Ваши, Fixie Period Panties.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби