Најдрските пријатели се оние на кои сме им најдраги

Честопати се случува, оној пријател кој е невообичаено дрзок и зајадлив, да го чувствуваме поблизок од другите и нешто нѐ тера да се чувствуваме удобно со него/неа.

Според научните сознанија, пријателите што се брутално искрени, саркастични, па и цинични во некој миг, се всушност оние кои најмногу се грижат за нас.



Ако некогаш некој ваш близок пријател направил да ви биде непријатно и сте чувствувале дека тој начин е погрешен и бесчувствителен, тогаш можеби тоа го направил намерно.

Според истражувањето објавено од американското Здружение за психолошки науки, некои луѓе веруваат дека ваквиот однос ќе биде полезен за нивните пријатели на долг рок, тоа не значи ништо друго, туку дека се грижат за вас.

Белен Лопез-Пере, водечкиот истражувач во овој научен труд, објаснува како луѓето можат да станат сурови за тоа да биде од општа, поголема корист. Во социјален експеримент, стручните лица побарале од 140 возрасни лица „играч Б“ да изиграат компјутерска игра со анонимен партнер („играч А”), но без да знаат дека всушност „играчот А” не постои.

Пред почетокот на играта, „играчот Б“, добил порака од „играчот А“ дека тој штотуку раскинал и е скршен од тага. Потоа, учесниците биле добиле задача да му одговорат на „играчот А“ за тоа како се чувствуваат пред да почне играта зависно од тоа дали сочувствуваат со тоа или се емотивно неутрални. Потоа испитаниците биле поделени во две групи – едни играле воена видеоигра каде што треба да се убијат што повеќе непријатели, а другата – игра каде што „играчот А“ и „играчот Б“ треба да избегаат од соба со „живи мртовци“.

По завршувањето на играта, следел избор на музика со различно ниво на емоционалност, при што испитаниците биле прашани – која песна и кои стихови би сакале нивниот виртуелен партнер да ги слуша.

Луѓето кои сочувствувале со „играчот А“ избрале стихови со посилни негативни емоции како начин да ги потиснат чувствата на тага поради нивното скоро раскинување. Освен тоа, посилните негативни емоции во самата игра укажуваат на повисок успех на крајот, што значи дека „играчот Б“ почувствувал чувство на исполнетост и задоволство кога тие „двајцата“ победиле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби