Три навики на среќните луѓе

Кинезите помалку страдаат од рак, депресија, астма и туберкулоза, а тајната за тоа е среќата. Кога се чувствувате вознемирено, одредени правила, принципи и навики можат да Ве направат посреќна личност, но и да ги сведат вашите секојдневни проблеми на минимум. За да го намалите чувството на стрес, како и лошото расположение, се препорачуваат следните три нешта.



1. Разберете ја природата на своите чувства

Дефинирањето на одделни емоции ја намалува нивната способност да нè преокупираат. Така, само кога ќе сфатиме и признаеме како се чувствуваме, ќе успееме да ги победиме негативните емоции и нивното штетно влијание.

2. Контролирајте ги

Американскиот невробиолог Алекс Корб тврди дека најголемиот непријател на човекот е неговиот мозок. Секоја емоција се активира во одреден дел од нашиот мозок. Задоволството е можеби најсилна од нив, многу посилна од чувството на срам, гордост и вина. Стресот е тесно поврзан со центарот за задоволство, па поради тоа нужно е да научиме како да ги контролираме тие емоции и да го опуштаме тој дел од мозокот, како и целото тело. Како тоа најлесно се прави? Доволно е само да се прашате за што сè сте благодарни!



3. Не ги одбегнувајте блиските

Физичкиот контакт со блиските околу нас е исклучително важен за Вашата среќа. Кога емоционално отфрлате некој човек, тоа остава душевна болка и траги и кај него/ неа, но и кај Вас. Емоционалната болка е исто толку битна како и физичката. Социјализацијата го менува човекот драстично, па така, како што отфрлањето предизвикува болка, прифаќањето нè мотивира на развој. Во таа смисла, физичкиот контакт е еден од главните елементи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби